00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language
An error occured running template renderers/defaultnew/product

НЕВЕРОЈАТНА ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО БЕРЛИН!!!






  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:НОВА ГОДИНА

    БЕРЛИН

    (чартер лет 5 дена/4ноќевања, трансфер)

    Ден 1 – 30 Декември 2013: Состанок на групата 2 часа пред лет. Директен лет за Берлин со авиокомпанијата Germania Airlines, во 2100ч. Пристигнување во Берлин во 2325ч. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање во хотел.





    Ден 2 – 31 Декември 2013: Појадок во хотел. Разглед на градот – за туристите е интересно да се посети плоштадот Alexander Platz, еден од најпознатите плоштади и сообраќаен центар кој се наоѓа во централната област на Берлин, со воодушевувачкиот комплекс, заштитен од УНЕСКО. Се наоѓа на остров на реката Spree која протекува низ центарот на Берлин и во кој се наоѓаат неколку светски познати музеи: стариот музеј, новиот музеј, старата национална галерија, Kaiser Friedrich музеј, последниот изграден и можеби највреден музеј е Pergamon. Најголемата црква во градот, Берлинската катедрала Berliner Dom. Прошетката продолжува по прочуената променада Историскиот Булевар Unter Der Linden ( под липите ), авенија со многу дрвја, која се наоѓа на источно- западната страна на Branderburg портата на местото на поранешната градска палата на Берлин. Порано таа била најпознатото шеталиште на жителите на Берлин. Branderburg портата е иконско обележје на Берлин и Германија, порано се користела за да ја претстави поделбата на градот меѓу Источен и Западен Берлин, по падот на Берлинскиот Зид во 1989 година. Таа исто така се појавува на германските евро монети ( 10 центи, 20 центи и 50 центи ). Во близина на Branderburg капија се наоѓа зградата на Reichstag која е традиционално седиште на германскиот парламент. УлицатаFreidrichstrase, за време на дваесетите години од минатиот век, била многу славна улица во Берлин. Таа е комбинација од традициите на дваесетиот век и модерната архитектура на Берлин денес. Славната авенија “17 Јуни” ги поврзува Branderburg портата и плоштадот Ernst- Reuter и служи како централна источно- западна оска. Враќање во хотел и подготовки за Новогодишната ноќ. Среќна Нова Година!





    Ден 3 – 01 Јануари 2014: Појадок во хотел. Предлагаме посета на Charlottenburg, елегантниот дворец изграден од императорот Фридрих ||| и посветен на неговата лубена Софија Шарлота. Денот го продолжуваме со посета на градот Potsdam, главен град на германската сојузна покраинаBranderburg и дел од метрополитенската област Берлин/ Брандербург. Се наоѓа на реката Havel, 2км југозападно од центарот на Берлин. Околу градот постојат серија меѓусебно поврзани езера и уникатни културни знаменитости, како и парковите и дворците на палатата Sanssouci која во превод значи “без грижи” најголемиот објект на светското културно наследство во Германија. Исто така е значајно да се посети Cecilien Hoh каде е одржана мировната конференција помеѓу сојузниците Рузвелт, Сталин и Черчил со која е ставен крајот на втората светска војна. Babelsberg, во југоисточниот дел на Potsdam, било главно филмско студио пред војната и уживало во одреден успех како главен центар на европскиот филм пред падот на Берлинскиот Зид. Враќање во хотел. Ноќевање.





    Ден 4 – 04 Јануари 2014: Појадок во хотел. Време за шопинг или слободни активности.Kurfurstendamm е една од најпознатите Берлински авении. Улицата го добила името по Kurfurstenпринц- владетел на светото римско царство. Почетокот на улицата е кај железничката станица и се протега до Charlottenburg и Wilmersdorf. Локалниот надимак е “Ku damm” и е најпопуларното место за да се оди на прошетка во Берлин. На 3. 5км долгиот булевар постојат многубројни бутици, продавници, театри, кафулиња и ноќни клубови кои се отворија тука, вклучувајќи ја и Мермер куќата на Берлинската филмска палата. Kurfurstendamm улица на луксузни етикети. Враќање во хотел. Можност за посета на типичен германски ресторан со традиционални јадења и неизбежното Масбиер ( кригла со пиво од еден литар ). Ноќевање.





    Ден 3 – 03 Јануари 2014: Појадок во хотел. Слободно време до трансфер времето за на аеродром. Трансфер и директен лет за Скопје во 15:25ч. Пристигнување во Скопје во 17:45ч.





    Цена на аранжманот: 27,840 ден. (449EUR)

    Во цената е вклучено:



    Превоз со авион на релација Скопје – Берлин – Скопје ( директен лет )

    4 ноќевања на база ноќевање со појадок во хотел со 4****

    Трансфер од аеродром до хотел и назад



    Цената не вклучува:



    Патничко осигурување

    Факултативни излети

    Други не споменати услуги



    За реализација на овој програм, потребно е минимум 20 патници.

    Цената е даден во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност пресметано по курс 1еур = 61. 8мкд.
  • Availability:Contact
  • Place of Origin:Germany
  • company profile


    070/287-777

    shopping assistance