Company introduction:Долгогодишна семејна традиција преточена во семеен бизнис, кој веќе 15 години успешно егзистира на домашниот пазар. Со скромни почетоци, отпочнувајќи со работа во март 1997 година, денеска овој семеен бизнис претставува препознатливо име и бренд на македонскиот пазар. Лоцирана во село Смојмирово, во еколошки чиста и незагадена средина, во пазувите на Малешевските планини, оваа млекарница, на своите потрошувачи им нуди над 20 различни видови на производи од кравјо, овчо и козјо млеко, направени по стари, традиционални рецепти, со години пренесувани од колено на колено.