00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Прочистувач на воздух Ionic Care со траен филтер

Прочистувач на воздух Ionic Care со траен филтер

Address for delivery

First & Last Name (for delivery)
Telephone number for contact
Street
City
Notes for delivery
Price with VAT:

14500 MKD
Quantity: -+

Delivery:
Payment:


* Free Delivery

Delivery within 1-2 work days. Free delivery for Macedonia.

MarketKonekt guarantees a 100% protection for the buyers. If the product does not correspond to the presentation we offer a refund. Read more.


  • product description
  • user ratings
  • company profile
product description
  • Sections:
  • Product Description:Ionic-CARE
    Најдобар избор на траен
    прочистувач на воздух

    Трендот на модерното време во кое живееме е здравиот живот, кој освен квалитетна исхрана и физичка активност, подразбира и грижа за воздухот во домот. Бран од свеж, чист и здрав воздух за вашиот дом (и други простории) и одлична гружа за вашето здравје ќе ви овозможи редовното користење на Ionic-CARE прочистувачот на воздух. Ionic CARE е прочистувач кој ќе го користите 24/7, во текот на целата година. Заради своите карактеристики тој едноставно станува дел од редовните, но корисни, електрични уреди во секое домаќинство и пошироко!

    ПРЕДНОСТИ ПРИ КУПУВАЊЕ на Ionic-CARE
    • 96% ефикасен за фаќање на загадувачите
    • Комбиниран прочистувач со јонизатор
    • Нула трошоци за филтер кој е со неограничено времетрање
    • Минимални оперативни трошоци, троши 2 мкд струја на ден
    • Лесно ракување, одржување и чистење
    • 2 години гаранција
    • Комплетно бесшумен, со 3 брзини на работа

    ЗОШТО ЧИСТ И ЈОНИЗИРАН ВОЗДУХ?
    • го подобрува дишењето
    • ги отстранува алергените и прашината
    • ги уништува вирусите и бактериите
    • ја намалува концентрацијата на радон
    • ја подобрува работоспособноста
    • го подобрува сонот
    • го намалува крвниот притисок
    • ги ублажува депресивните состојби

    СПЕЦИФИКАЦИИ
    • Траен електростатски филтер (филтерот се мие/брише едноставно)
    • Потрошувачка: мах.12 W (штедлив, троши 2 мкд струја за 24 часа работа)
    • Напојување: 220-240 V/50 Hz
    • Максимална просторна површина за која е наменет при стандардна висина на таванот: 75 м2
    • Тежина: 3,1 кг
    • Бучава: до 8 dB (потполно бесшумен)
    • Капацитет на воздухот: 65 m3/ ч
    • Ефикасност: до 96% против пм>0,3 (мп честички, прав, бактерии, вируси, алергени, полен, хемикалии, никотин, дим од цигари, радон во распаѓање (види сертификати/мерења на www.ioniccaremk.com)
    • Производство на лесно негативно наелектризирани јони (на растојание од 50 см: 4.2x10 5 / cm 3) (на растојание од 250 см: 2.7x10 2 / cm 3)
    • Производство на озон: 0,005 ппм, при лимит од 0,05 ппм (види сертификати/мерења на www.ioniccaremk.com)
    • Чешки производ/земја на производство НРК
    • Три бои: црна/бела/сива
    • 2 години гаранција

    ЕДНОСТАВНО УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
    Редовното чистење и одржување на Ionic CARE е брзо и едноставно. На секои 5 до 7 дена, исклучете го уредот и:
    (1) Едноставно извлечете го филтерот и избришете со мокра крпа/салфетка/марамица или измијте го под млаз вода и оставете да се исуши и
    (2) Придвижете го горе долу 5 до 6 пати лизгачот за механичко чистење од прав на јонизирачките жици.

    Тоа е се што ќе ви овозможи да имате прочистувач на воздух со секогаш чист филтер спремен да се бори против нечистотиите. За повеќе информации погледнете ја видео презентацијата, галеријата на слики, или прочитајте го упатството подолу.

    ТРИ БРЗИНИ НА РАБОТА
    до 75м2, моќност 12W, влез на воздух 65м3/ч, циклусот на работа (јонизација и чистење) е постојан и без прекини

    до 50м2, моќност 7W, влез на воздух 38м3/ч, циклусот на работа (јонизација и чистење) се состои од 20 сек работа и 20 сек пауза

    до 15м2, моќност 5W, влез на воздух 15м3/ч, циклусот на работа (јонизација и чистење) се состои од 20 сек работа и 120 сек пауза

    Наведените бројки се однесуваат на работење на уредот во простории во кои не се пуши, при средна загаденост со прав, полен и сл. Доколку уредот се користи во поинаква средина, режимот на работа може да се прилагоди на истата.

    Големи количества на негативни јони немаат штетно влијание врз здравјето, напротив, тие се користат терапевтски. При долготраен престој препорачуваме идеална оддалеченост од уредот од 2м.

    НАЧИН НА РАБОТА
    Благодарение на модерната технологија Ionic-CARE уникатно комбинира две подобрувања на квалитетот на воздухот: тој е ефикасен, апсолутно тивок и економичен прочистувач на воздух, како и моќен воздушен јонизатор-генератор на корисни за здравјето негативни јони!

    Прочистувањето на воздухот со 96% ефикасност се одвива со нула трошоци за замена на филтри бидејќи Ionic CARE поседува траен филтер што се мие/брише и овозможува уредот секогаш да работи со чист и ефикасен филтер!

    Циркулацијата на воздухот е преку електро/јонски ветер, заменувајќи ги застарените фенови, па затоа уредот да е потполно бесшумен!

    Нечистотиите добиваат негативно електрично полнење и се налепуваат на електростатскиот привлекувач со позитивно електрично полнење, кој едноставно се мие/брише!

    Ќе ја воочите нековата ефикасност при секое бришење или миење на филтерот!

    Уредот има три брзини на работа и има штедлива максимална потрошувачка од само12 вати, односно троши само 2 денари струја на ден!

    Ionic-CARE успешно се произведува од страна на чешката компанија „Хогнер“ повеќе од 12 години и има над 300.000,00 задоволни купувачи. Четири години по ред, од 2015 до 2018 година е прогласен за ПРОИЗВОД НА ГОДИНАТА од страна на независниот водич за потрошувачи Heureka.cz во делот на прочистувачи на воздух!

    ВЛИЈАНИЕТО НА ЈОНИТЕ НА ЧОВЕКОВОТО ЗДРАВЈЕ
    Чистиот воздух, односно воздухот кој го дишеме во незагадената природа е богат со корисни негативни јони, за разлика од воздухот во урбаните и загадени средини кој заради смогот, вештачки влакна, предавателите, мониторите, флуоресцентни светилки, фотокопирите и сл. е исполнет со штетни позитивни јони. Во урбаните средини нивото на корисните негативни јони во просек не е повеќе од 100 на cm3, додека во незагадените делови од природата нивниот број е помеѓу 800-100.000 јони на см3.

    Овој јонски дисбаланс, покрај класичните виновници за здравствени проблеми како што е хемиското загадување, е уште еден непрепознатлив отров. Доминантноста на штетните позитивно наелектризирани јони предизвикува главоболки, зголемен крвен притисок, нервоза, замор, а кај по осетливите може да предизвика алергија, астма и депресија.

    Токму затоа, освен прочистување на воздухот Ionic CARE врши и негативна јонизација, која е од особена важност за здравјето!

    ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
    Кое е најдоброто место за прочистувачот? – Најдобро е доколку Ionic CARE го поставите на централно место, каде тој ќе може да ги чисти сите околни простории. Околу него оставете мин. 25-50 см празен простор, за да има воздушна циркулација и избегнивајте ја близината на радијатор или друг метален објект кој може да ги неутрализира негативните јони, па со тоа и прочистувачот да загуби од својата ефикасност, како и места со отворен оган (камин). Исто така прочистувачот не треба да се поставува во просторија каде влажноста на воздухот е поголема од 60% (бања).
    Колку долго треба да работи прочистувачот? - Ionic CARE е потребно да работи минимум еден час за да постигне видни резултати. Зависно од големината на просторијата, избраната брзина на работа, но и загаденоста на воздухот, тој во просек од 3 часа ја чисти целата просторија. Најдобри резултати постигнува кога е постојано вклучен, 24 часа, и кога е исчистен, па затоа не заборавајте редовно да го чистите!
    Дали можам да го исчистам уредот од внатре? - Уредот не се чисти од внатре. Доколку го расклопите уредот гаранцијата би била неважечка. Ве молиме следете го упатството за чистење според кое филтерот се извлекува од уредот, се чисти (мие или брише) и повторно се враќа, додека јонизирачките жици се чистат механички со лизгач!
    Дали го собира димот од цигари? - Да, Ionic CARE е наменет за секаков вид на загадувачи кои се присутни во воздухот, вклучувајќи ги и никотинот, катранот и сличните елементи што се испуштаат од цигарите. Бидејќи тој не работи со вентилатор, прочистувањето од дим од цигари оди побавно, но во секој случај ефикасно. При користење во просторија каде се пуши препорачуваме негово почесто чистење од вообичаено (по можност секој втор ден) или по секое користење во зачадена просторија.
    Што доколку светне црвената сијаличка? - Црвената ЛЕД сијаличка покажува дека прочистувачот не работи како што треба. Тоа може да биде предизвикано од премногу наталожена прашина на филтерот или на јонизирачките жици, како и од дефект. Доколку по целосно чистење црвената сијаличка продолжи да свети ви препорачуваме да не контактирате.

    КОМЕНТАРИ ОД КОРИСНИЦИ
    Дарко П.- „Одличен производ! Го препорачувам, треба да го има во секој дом во Скопје и пошироко низ Македонија.“
    Нена Ц.- „Најдобар! Економичен значи не троши струја, нема бука, многу лесен за одржување, не зафаќа простор, нон-стоп може да е вклучен. Го имаме во теретана и воздухот е фантастичен. Не мириса на железо, нема влага, нема прашина. Да се грижиме за здравјето на сите нас почнувајќи од домот и работниот простор. Го препорачивам најмногу, има 10-ка.“
    Елена С. – „The best, I highly recommend“
    Елена Т. „Во моментов го користам прочистувачот на воздух lonic-care. Од производот сум премногу задоволна од причина што истиот е софистициран и практичен, беззвучен, лесно се чистат филтрите. Топло го препорачувам на сите потрошувачи кои претходно имале проблем со алергии, очекуваат принова....“
    Ѓорѓи К. „Тивок, лесен за одржување, пристапна цена, ефикасен!“
    Атилан М. „Многу сум задоволен од Ionic CARE“

  • Availability:In Stock
  • Seller:Метар
  • Place of Origin:Czech Republic
  • Warranty:2 years
  • оцени од корисници
    company profile

    Метар

    • Company introduction:МЕТАР дооел Скопје е трговско друштво кое има за цел да нуди на македонскиот пазар квалитетни, економични и корисни производи. МЕТАР е овластен увозник и дистрибутер за Република Македонија на чешкиот економичен и ефикасен прочистувач на воздух Ionic CARE Triton X6. Ionic CARE е чешки број 1 прочистувач на воздух кој повеќе од 12 години успешно се произведува од страна на чешката компанија „Хогнер“, а се користи не само во домовите, туку и во градинки, школи, амбуланти, теретани и канцеларии ширум Р.Чешка, Р.Полска, Р.Словачка и пошироко. Тој четири години по ред (2015-2018 година) е прогласуван за производ на годината во Р.Чешка од страна на независниот водич за потрошувачи Heureka.cz во делот на прочистувачи на воздух. Ionic CARE е единствен на нашиот пазар и има неколку клучни предности: тој е ефикасен прочистувач на воздух комбиниран со јонизатор, со нула трошоци за филтер бидејќи поседува траен филтер што се мие/брише, еколошки производ бидејќи нема отпаден филтер, работи со минимални оперативни трошоци (на 12 вати струја) па троши само 2 мкд струја на ден, лесно се ракува, одржува и чисти, има 2 години гаранција, комплетно е бесшумен и покрива 75м2 простор.
    • Contact Person Name:Љубица
    • Address:Гемиџиска 117
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:078 423798
    • Geo Location:Show
    follow this companycontact sellerall products
    Rating:
    5.0 of 5.0 (2 ratings total)




    070/287-777

    shopping assistance