Company introduction:АМСМ Услуги - Станица за Технички Преглед (АМСМ СТП) Kомплетно реновиран простор за регистрација на вашето возило! Додека ние се грижиме за вашиот автомобил, вие пиете кафе и уживате. Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед (АМСМ) ќе се утврди дека се исправни. Над 70.000 возила годишно се опслужуваат во трите станици за технички преглед и регистрација на АМСМ, лоцирани во Центар, Чаир и Велес. Услуги во АМСМ УСЛУГИ СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД: - Технички преглед - Регистрација на возила - Издавање на меѓународни документи (меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување туѓо моторно возило) - Зелен картон - Пријава/одјава на возило - А-тест Членовите на АМСМ имаат 10% попуст на технички преглед во АМСМ СТП.