00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Услови и правила за користење на MarketKonekt.com

Услови и правила за користење на MarketKonekt.com

1. Генерални одредби

Со овие услови за користење на веб сајтот MarketKonekt.com и неговите услуги и функционалности (во понатамошниот текст: Услови за користење) се дефинираат правата и обврските за користење на веб сајтот MarketKonekt.com (во понатамошниот текст: MarketKonekt.com).

Правото на користење на MarketKonekt.com е лично на корисникот (корисникот може да биде правен субјект или физичко лице) и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот признава дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Р3 Инфомедиа, и Р3 Инфомедиа не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Р3 Инфомедиа е MarketKonekt.com да биде достапен нон-стоп, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Р3 Инфомедиа, пристапот до MarketKonekt.com може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Внесувањето на информациите е автоматизирано преку соодветни електронски онлајн формулари на MarketKonekt.com. Со внесување и испраќање на информации од страна на корисникот, корисникот и отстапува право на Р3 Инфомедиа да ги објави тие информации на MarketKonekt.com.

Р3 Инфомедиа не е одговарна за точноста, веродостојноста и содржината на информациите кои се внесени од страна на корисниците, односно објавени на MarketKonekt.com. За точноста, веродостојноста и содржината на информациите за производите/услугите и фирмите/професионалците одговара фирмата/професионалецот кој/а ги внел/а истите. 

MarketKonekt.com и неговите функционалности се достапни за поединци на возраст од 18 години или повеќе. Доколку имате најмалку 13 години, а сеуште не 18 години, можете да го користите MarketKonekt.com, под надзор на вашиот родител или старател кој се согласува со овие Услови за користење. Никој под 13 години не смее да го користи MarketKonekt.com. 

Р3 Инфомедиа може да ги промени овие Услови на користење со пишан или електронски документ. Во таков случај, Р3 Инфомедиа ќе ги извести своите корисници на соодветен начин (вклучувајќи и начин на објава преку MarketKonekt.com) за промената, не подоцна од 7 дена пред стапување во сила на промената. Секој корисник се согласува редовно да ја посетува MarketKonekt.com за да дознае за такви промени.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користење на MarketKonekt.com. Исто така, секој корисник се согласнува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Р3 Инфомедиа, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник, и прекршување на Условите за користење.

Секој регистриран корисник се согласува да добива нотификации на е-меил адресата со која е регистриран на MarketKonekt.com. Нотификациите се поврзани со услугите на MarketKonekt.com. Корисниците ќе добиваат известување на е-маил:

  • кога ќе им биде пратена порака преку интерниот систем за испраќање и примање пораки, 
  • ако корисникот одбрал да следи производ ќе биде известен кога ќе има промена во информациите на тој производ, 
  • ако корисникот одбрал да следи компанијата ќе биде известен за секоја активност на компанијата како додавање нов производ, менување на постоечки производ, поставување производ на промоција или на попуст, итн.,
  • кога ќе има ново објавени производи во дејности на фирмата, 
  • кога ќе има ново барање за производи во дејности на фирмата, 
  • пред истекување на пакетот, итн. 

Исто така, секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта на е-меил адресата со која е регистриран на MarketKonekt.com. 

Корисникот се обврзува во процесот на користење на Услугите што ги обезбедува MarketKonekt.com, на неговиот Сервер да не вчитува/префрлува и на ниту еден начин да не им разоткрива на трети страни Кориснички содржини – информација, податок, текст, звук, датотеки, фајлови, софтвер, видео, фотографии, графики, аудио материјали, комуникации, или кој било друг материјали или линкови кон материјали кои:

1.1. не се во склад со законодавството на Р. Македонија, важечките странски закони, Интернет етиката, заедничките прописи за пристојност и моралност;

1.2. предмет на интелектуална сопственост на трети страни, освен со согласност со носителот на правото;

1.3. претставуваат комерцијална или професионална тајна или друг вид доверлива информација, чие откривање е забрането врз основа на договор, закон или акт на некој надлежно, државно или општинско тело;

1.4.содржи информации за шифрите на други корисници или правата за пристап, без согласност на нивните носители, како и софтвер за пристап до таквите шифри или права;

1.5. содржат лични податоци во врска за трети лица или кои било други информации заштитени со закон, освен во согласност со сите важечки барања за нивна заштита, процесирање и примена;

1.6. повикуваат или содржат елементи на насилство врз лица или животни, понижување на човековото достоинство, закани по животот и физичкиот интегритет на лица или животни;

1.7. прикажуваат несреќи и други сериозни инциденти или кривични дела;

1.8. имаат порнографска или експлицитна содржина;

1.9. изразуваат или повикуваат на дискриминација врз основа на пол, раса, националност, етничка припадност, државјанство, потекло, религија или верување, образование, верувања, политичка припадност, личен или јавни статус, инвалидитет, возраст, сексуална ориентација, брачна состојба, имотен статус или било која други обележја, како и пропагирање на било која друга недемократска идеологија;

1.10. штетат на добрата репутација, чест или достоинство на трети страни;

1.11. повикуваат на насилна промена на уставниот поредок, извршување  злосторство, лични насилство или поттикнуваат расна, етничка или верска омраза;

1.12. прикажуваат и поттикнуваат на однесување кое претставува опасност за заштитата на животната околина;

1.13. содржат информации кои поттикнуваат извршување на терористички активности и други теми поврзани со тероризам;

1.14. ги повредуваат правата на сопственост или легитимните интереси на  трети лица;

1.15. имаат слаб квалитет и нејасна содржина;

1.16. имаат големина која ја надминува максималната големина што е определена на веб-страниците на MarketKonekt.com веб-сајтот;

Доколку такви содржини бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш избришани. Доколку сметате дека производите и услугите се дозволени за продажба според Законите во Македонија и важечките странски закони и дека не ги прекршуваат истите, тоа треба да го докажете. Објавените производи и услуги мораат да бидат во согласност со Законите и регулативите во соодветната дејност во Македонија. 

Р3 Инфомедиа има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на MarketKonekt.com со цел да ги извести своите клиенти, корисници, други странки, да ги објави на други медиуми, да ја провери веродостојноста на корисникот и да комуницира со корисникот во однос на услугите на MarketKonekt.com. Меѓутоа, личните податоци за корисниците ќе бидат чувани како стриктно доверливи и нема да им бидат откриени на трети лица освен ако тоа е побарано според закон, или пак ако има судска наредба или друг задолжителен налог тоа да се направи.

Р3 Инфомедиа го задржува правото да ги провери информациите поднесени при регистрација на фирма или професионалец, како и информации за секој внесен производ или услуга со цел да се провери нивната веродостојност. Доколку Р3 Инфомедиа смета дека информацијата не е валидна или пак не е во согласност со овие Услови за користење има право истата да ја избрише.  

Р3 Инфомедиа не е одговорна за настанување на било каква штета поради објавените информации за производот, услугата, фирмата или професионалецот.

Р3 Инфомедиа го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на MarketKonekt.com без претходно известување. 

 

2. Правила за користење

1.       Не внесувајте линкови до други веб сајтови.

2.       Не пишувајте неоправдани ставови против конкуренцијата. Неоправдани и/или неквалификувани изјави можат да бидат избришани од страна на Р3 Инфомедиа.

3.       Не вклучувајте информации или на било кој друг начин не користете материјал кој е предмет на интелектуална сопствност или други ексклузивни права од трето лице без нивно знаење и дозвола.

4.       Не вклучувајте лични податоци кои се однесуваат на други луѓе, а без нивно претходно одобрување.

5.       Не рекламирајте, не промовирајте или на било кој друг начин не огласувајте туѓ производ или услуга.

 

3. Основни упатства и инструкции

Кога се регистрирате како правен субјект (компанија) или физичко лице (потрошувач):

1.       Внесете важечки податоци за Вашата или фирмата во која сте вработени. 

2.       Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина.

3.       Ве молиме да следите “нетикета” кога внесувате податоци, односно советот е да не го пишувате целиот текст со големи букви или нерегуларен фонт.

 

Кога внесувате производ или услуга:

1.       Вашиот производ треба да биде поставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ или услуга (Вашиот производ може да биде променет доколку не е во вистинската категорија во процесот на прегледување). Дозволено е да објавувате производ најмногу во 3 различни категории. 

2.       Производите кои се однесуваат на продажба мора да бидат во делот Производи на MarketKonekt.com, а барањата за понуди во делот Б.З.П. Барањата за понуди можат да бидат објавени најмногу во 3 категории. 

3.       Не е дозволено да се поставуваат исти производи повеќе од еднаш од истата компанија. 

4.       Не објавувајте производи или услуги кои не се дозволени за продажба според Законите во Македонија. Доколку такви производи или услуги бидат пронајдени од страна на Р3 Инфомедиа, истите ќе бидат веднаш отстранети. 

 

4. Политика на авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на овој веб сајт без изречена писмена дозвола од Р3 Инфомедиа е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и / или кривични казни.

Р3 Инфомедиа не сноси одговорност, за да му даде на корисникот индикации за да тој/таа свати дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Корисникот е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка