00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Осоговски Бисер

  • Опис на компанијата:РЕСТОРАН ОСОГОВСКИ БИСЕР Лоциран на надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, во самиот центар на туристичкиот центар Пониква се наога Ресторанот Осоговски Бисер. Сместен во реновирана и адаптирана стара воена зграда, го доловува духот на Осоговијата. Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднебје. Ресторанот започна со работа од 02.08.2008 година и, всушност, претставува реставрирана стара воена касарна од периодот околу 1925-30 год. Капацитетот на Ресторанот Осоговски Бисер во зима е 90-100 места, додека на горното ниво е сместен Делукс Апартман. Ресторанот исто така располага и со уште еден објект со сместувачки капацитет, апартмани и студија, секој со сопствено купатило и WC. Греењето на објектите е со централно парно греење и два камина. За време на летниот период Ресторанот Осоговски Бисер располага со летна кујна и летна бавча, каде што можете да поминете незаборавни мометни уживајќи во нашите специјалитети послужени во ладовината на Осоговските Планини. Понудата на Ресторанот Осоговски Бисер е доста богата. Почнувајќи од сите видови чаеви и кафе, како и безалкохолни и алкохолни пијалоци, па се до најразличните специјалитети од дивеч. Конкретно, тука се нашите утрински чорби (телешка, пилешка, чкембе и дивеч...), богатата скара на плотна или на жар (мелено, кременадла, колбас, вешалица, бифтек...), разните печења (прасечко, јарешко, јагнешко, дивеч...). Специјалитети на куќата се осоговски ќебап (направен од чисто месо), дивеч во тава (елен, дива свиња...), осоговска плескавица од 0,5 кг. и специјалитети од ној. Тука е и богатиот избор на десерти, како што се: палачинки, баклава и специјалитети од тиква. Ресторанот Осоговски Бисер исто така организира и секаков вид на свечености (свадби, крштевки, родендени...), како и разни семинари, седенки и презентации. Ресторанот Осоговски Бисер е отворен 7 дена во неделата......
  • Име на контакт лице:Ацо Доневски
  • Адреса:Туристички центар Пониква
  • Град:Кочани , Македонија
  • Телефон #:075304346
  • Локација на мапа:Прикажи

Локација

Слики

Лого

Останато

Комплетност на профилот62.50%
Ја следат1
Број на производи2
Член од10 Јул, 2012
Последна промена08:17:21 , 21 Ное, 2018
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка