00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Спреј против убоди од инсекти


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Becutan спрејот против убоди од инсекти, овозможува ефикасна заштита на кожата од каснување, за целото семејство. Во својот состав содржи активна компонента која ги одбива инсектите, односно ги спречува да се приближат до својата цел (кожата на човекот), а со тоа го спречува каснувањето. Заштитата од убодите од инсекти трае подолго време, од 4 – 6 часа. Производот содржи и екстракт од алое вера, сертифициран со ECOCERT-стандард за природна и за органска козметика, што подразбира дека растението е одгледувано во контролирани услови и гарантира сигурност за крајното дејство на оваа состојка. Екстрактот од алое вера и дава влажност и мекост на кожата, па по употребата таа останува нежна и мека.
    Becutan спрејот против убоди од инсекти се употребува на тој начин што рамномерно се распрскува на изложените делови на кожата, избегнувајќи ги местата околу очите и устата. Постапката се повторува по потреба, приближно по 4 – 6 часа. По нанесувањето спрејот не остава масни дамки на облеката.
    Пред употреба прочитајте ги мерките на претпазливост и предупредувањата што се наоѓаат на задната етикета.

    • Содржи екосертифициран екстракт од алое вера;
    • ефикасна заштита на кожата од каснување;
    • заштита од 4 до 6 часа.
  • Категорија:Нега на кожа
  • Достапност:Контакт
  • профил на компанијата

    Алкалоид АД Скопје

    • Опис на компанијата:„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум и пол децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. „Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 19 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД, Велика Британија и Романија). Друштвото брои 2.122 вработени во земјата и 665 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија. Акциите на „Алкалоид“ се во сопственост на над 5.448 акционери, физички и правни лица.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Александар Македонски 12
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:023104000
    • Факс #:023104014
    • Локација на мапа:Прикажи



    023104000

    корисничка поддршка