00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Roll Up - Флексибилна подлога

Roll Up - Флексибилна подлога

Цената е со вклучен ДДВ
2.590 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Солопром Ви ја претставува флексибилната подлога – Roll Up. Подлога изработена од метални стапчиња во хромиран финиш поврзани со гумени ремени. Поврзани заедно се создава површина од 460 мм во должина и 450 мм во ширина.

    Потребна Ви е ваква подлога доколку:

    …имате мала работна површина во кујната. Со подлогата ќе го покриете коритото на мијалникот (без ралика дали се работи за ниско-монтажен или вграден мијалник) и со тоа ќе добиете дополнителни 450 милиметри работна површина на која ќе може да ги положите Вашите садови, овошје или зеленчук или други кујнски предмети.

    …имате мијалник со дупли корита. Едното корито може да го покриете со подлогата и да обезбедите простор за цедење на мокрите садови, овошјето или зеленчукот.

    …имате потреба од подлога врз која ќе положите топло или жешко тенџере. Бидејќи дното на ваквите предмети можат да бидат исклучително жешки лесно можат да ја оштетат работната плотна. Со искористување на подлогата Вашата плотна ќе биде заштитена од термални шокови. Треба само да се внимава садовите да не дојдат во контакт со гумените ремени. За ваква намена можеме да Ви понудиме уште две други решенија кои може да ги погледнете на нашата веб страна.

    Откако подлогата ќе ја заврши својата работа лесно може да ја пребришете и да ја обесите на некој држач или да ја превиткате во ролна и да ја скриете во некоја фиока.

    Ние ги препознавме предностите на флексибилната подлога во кујните и затоа се одлучивме да ја доведеме поблизу до Вас. Се надеваме ќе ги препознаете и Вие.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Солопром
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Солопром

    • Опис на компанијата:Солопром е компанија која работи на големо продажба и мало продажба на ексклузивни материјали за кујни и ентериери. Солопром е пионир во снабдување на градот Скопје со репроматеријали за столарски работи. Основана е и отпочнува со работа на 15.10.1991.
    • Име на контакт лице:Дејан
    • Адреса:Душко Поповиќ бр. 1
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:+ 389 (0)2 2628870
    • Факс #:+ 389 (02)2 600017
    • Локација на мапа:Прикажи



    022628870

    корисничка поддршка