00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Котел на пелети Mario LONG TIME


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Котлите на пелети за централно греење Mario LONG TIME, се модификација на основниот модел на котли на пелети од серијата DakonEra. Произведени се за загревање на станбени и компаниски простории, како и за загревање на вода за домашна употреба.
    Котелот е опремен со: горилник на пелети со автоматско самостојно чистење од серијата GP sc, транспортер за пелети, дрвен резервоар за пелети со капацитет од 500kg, комплет инструменти за чистење, голем пепелник.

    Предности:
    • автоматско, механичко самостојно чистење на горилникот на пелети;
    • поголем комфорт при користење:
    1. приближно полнење со пелети: 1 пат на 15 дена;
    2. приближно чистење на пепелникот: 1 пат на 30 дена;
    3. можност за регулирање на параметрите за чистење според потрошеното количество на гориво - број на чекори и време помеѓу две чистења;

    • можност за согорување на пелети со дијаметар од 6 до 8mm, дури и со послаб квалитет (голема количина на пепел), што не е возможно кај горилници со воздушно чистење;


    • можност за избор помеѓу 4 режима, во зависност од квалитетот на пелетите. Преку менување на квалитетот на горивото, корисникот може самостојно да го избере режимот и да обезбеди квалитетно согорување, без помош од овластен сервисер;


    • брз пристап до пет нивоа за избор на капацитет, кои може да се менуваат од корисникот;

    • делови од реномирани Европски производители. Комората за согорување е направена од специјален огноотпорен челик, осигурувајќи долг период на користење;

    • можност за регулација на работата со собен термостат или неделен термостат со опција за програмирање;

    • можност за регулирање на моќноста;
    • лесен за сервисирање, благодарение на функцијата "LOG-alarm history";
    • ги задоволува најстрогите Европски стандарди и регулативи (EN 303-5);
    • едноставна инсталација и одржување во текот на работата, чистењето и сервисот;
    • ниски трошоци за одржување;
    • можност за избор на позицијата на горилникот на пелети: од лева или десна страна на котелот;

    • можност за стартување и стопирање со употреба на GSM модул - опционо.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Јоки
  • профил на компанијата

    Јоки

    • Опис на компанијата:“JOKИ” e развојно ориентирана компанија, со широк асортиман на производи, основана во 1999 година во Скопје, која се занимава со трговија на големо и мало со сите видови на топловодно греење, соларна енергија, климатизација и водовод. Основен приоритет на компанијата е унапредување и подобрување на квалитетот на работењето и зголемување на одговорноста, што претставува клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој. Нашата компанија соработува со голем број на странски фирми и е директен/ексклузивен увозник на нивните производи. Во продолжение Ви претставуваме дел од нив: - “Viadrus” Чешка (производител на гусени котли на цврсто и течно гориво); - "WILO SE" Germany - еден од водечките производители на пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и одвод на отпадна вода - “Radijator inženjering” Србија (производител на котли на цврсто гориво); - “FBC Majdanpek” Србија (производител на бакарни цевки); - “Airfel” Turkey (производител на панелни радијатори); - “Ekopan” Србија, (производител на електрични котли); - “Thermal trend” Czech Republic (фабрика за производство на елементи за затоплување на бањи); Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство, воспоставените коресподентски односи со своите клиенти, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот, се реална основа дека “JOKИ” ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.
    • Име на контакт лице:Бранкица
    • Адреса:ул.36 бр.2А
    • Поштенски број:1041
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:022550118
    • Факс #:022550119
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи



    022550118

    корисничка поддршка