00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Фондација Златна Рипка

  • Опис на компанијата:Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”- Скопје е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост. Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, им ги остваруваме најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Ние, Фондацијата Златна Рипка, веруваме дека моќта на исполнетата желба е посилна од сè. Тимот на фондацијата вклучува и лиценциран психолог кој преку разговор и дружење со децата на Клиниката за дестки болести – оддел Онкологија, доаѓа до нивните најголеми желби, аспирации, идоли, а златната рипка им ги остварува. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување. Универзитетската клиника за детски болести ја поддржува оваа иницијатива и своевремено смета дека овие хуманитарни активности се многу важен сегмент од лекувањето на децата на одделот на Онкологија, бидејќи будат надеж и верба во подобро утре и полесно справување со деновите поминати на клиниката, а и во својот дом.
  • Име на контакт лице:Неда
  • Адреса:Женевска 37а
  • Град:Скопје , Македонија
  • Телефон #:02/3217646

Слики

Лого

Останато

Комплетност на профилот62.50%
Број на производи3
Член од25 Ное, 2016
Последна промена13:41:22 , 24 Ное, 2017
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка