00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Не ризикувајте - возете безбедно и во зима

Вашата и безбедноста на вашите најблиски се бесценети. На неа никогаш не може да штедите, со исклучок на зимската опрема за вашиот автомобил. Сé што треба да направите е да ги прегледате советите подоле и понудите на трговците со ПОПУСТИ И ДО 40% ТУКА

Зимските гуми се основен дел од зимската опрема (да ве потсетиме, законски е задолжителна од 15 ноември). Уште поважно е дека зимските гуми се најсигурна гаранција дека автомобилот ќе го контролирате и на снег, мраз и дожд. Треба да ги поставите на сите четири тркала бидејќи со летни гуми секое од нив може да пролизга, посебно при кочење. Дополнително, летните гуми во зимски услови се трошат 20% побрзо; ако не ги замените со зимски всушност не заштедувате. Различни типови и модели на зимски гуми најдете ОВДЕ; дел се со попуст дури од 40%, а цените започнуваат од 2.250 ден. 

Ако веќе имате зимски гуми не заборавајте да проверите дали треба да ги замените со нови. Вообичаено траат до 6 години, а во зависност од временските услови и начини на возење и чување може да се истрошат и побрзо. ОВДЕ директно контактирате со продавачите за правилен избор и совети за користење со кои може да го продолжите рокот на користење на вашите нови зимски гуми.

Антифриз спречува мрзнење на течноста во моторот на вашиот автомобил и на темпаратури од -30 до -40 °C. Замрзнувањето може да го оштети моторот, а антифризот го заштитува и од р’ѓа што може да предизвика запушување на системот и хаварија. Проверете дали антифризот е под ниво и дали е во исправна состојба, а препорачливо е да го замените со нов на секои 2-3 години или 40.000 до 60.000 поминати километри. На пазарот се нудат различни типови антифриз со различни својства; информирајте се брзо и лесно ОВДЕ.

За да спречите евентуални непријатности следнава зима проверете и:

- Исправност на акумулатор, посебно ако е стар повеќе од 2 години; погледнете какви се нудат и по која цена ОВДЕ, а полначи за акумулатори погледнете ОВДЕ;

Моторно масло – голем избор на типови од различни производители најдете ТУКА;

- Состојба на останати делови и опрема што се посебно важни за зимски услови: ланци за гуми, бришачи за ветробранско стакло, средство за чистење и одмрзнување на ветробранско стакло, сијалици за магла, грејачи на задно стакло, филтри за воздух и клима уред, грејачи на дизел мотор, итн.

Целосната проверка на возилото за зимски услови исто така може да им ја препуштите и на искусни професионалци. Сервисот на АМСМ ви нуди ваква услуга која со АМСМ членство ја добивате бесплатно. Повеќе информации за сé што добивате со зимската проверка видете ОВДЕ.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка