00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Вежбање дома – како да заштедите на опрема?

Заврши периодот на празници и после сета изедена храна, веројатно имате грижа на совест кога ќе се качите на вагата. Но, од некаде мора да се почне – не се залажувајте со „почнувам од овој понеделник“, ако сакате резултати, стартувајте веднаш.

За да бидете во топ форма и да ги намалите килограмите, не е неопходно да одите во теретана или да се запишете на аеробик. Можете да купите опрема (најдете ја ТУКА) и со правилните вежби и исхрана да го добиете телото што го посакувате.

Добро информирајте се за вежбите

Спортувањето дома не подразбира набавување на скапа опрема. Потребно е да се едуцирате околу вежбите што ви се неопходни (зависно од резултатот што сакате да го постигнете) и да ги набавите основните реквизити. На пример, постојат YouTube канали на кои ќе најдете циклус вежби за кои единствено ви е потребна подлога за вежбање. Не чекајте, нарачајте ја тука со бесплатна достава до вашиот дом и започнете со вежбање.

Купете опрема со која можете да изведете повеќе вежби

Постои опрема што можете да ја користите за повеќе различни вежби, со различен интензитет и ефект. Одличен пример за евтина опрема со која ќе ги зајакнете мускулите на целото тело се еластичните црева со отпор. Покрај изборот на вежби можете да одберете и различен отпор на цревата. За поголем ефект од вежбањето можете да одберете црева со поголем отпор од 5,1 кг.  или пак еластични црева со помал отпор од 3 кг. за полесни вежби. За поголема комоција во вежбањето, постои можност еластичните црева да ги поврзете со рачки кои можете да ги набавите тука.

Како предлог вежби што можете да ги правите дома со еластични црева за вежбање погледнете ги овие видеа со:

1. Вежби за жени

2. Вежби за мажи

Купувајте онлајн

Меѓу предметите на кои можете да заштедите преку онлајн купување, спаѓа и опремата за вежбање. Фактот што производите ги добивате со достава до вашата адреса, уште повеќе ви го олеснува процесот на купување и овозможува заштеда на време, гориво и паркинг. Од опрема за вежбање со одлични цени, може да нарачате вреќички со тежина за скочен и рачен зглоб или мека топка за дополнително оптеретување при процесот на вежбање, подлога, еластични црева со отпор, шише за вода, пилатес топка или пак спортска облека за удобен тренинг.

Важноста од прочистување на организмот

Без разлика дали сакате да направите прочистување на организмот, да ослабете или едноставно да се посветите на здравиот начин на живот, мора да внимавате на исхраната. За таа цел потребно е барем еднаш годишно да направите прочистување на организмот.

Тој период се препорачува да трае седум дена и во тие денови треба да ги исфрлите кафето, цигарите, тешката храна и во својата исхрана да внесете овошје, зеленчук, да консумирате шејкови и смути и да пиете многу вода. Блендер за подготовка на смути со бесплатна достава до дома можете да нарачате ТУКА, а шејковите можете да ги понесете со себе со шише  кое овозможува целосно мешање на напитоците.

Сите останати производи за спорт и рекреација можете да ги погледнете на овој линк.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка