00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да се натерате да почнете да вежбате?

 

Одлуката за конечно започнување на нова фитнес рутина е веројатно најтешка. Без разлика дали преферирате трчање, возење велосипед, посета на фитнес клуб, одлучноста и упорноста се единствениот начин за постигнување на резултатите кои ги сакате. Прочитајте ги следниве совети како да се мотивирате да водите здрав и активен живот на долг рок.

 

Поставете си цел и план

Една од најважните работи кои треба да ги направите е да си поставите цел која сакате да ја постигнете. Тоа може да биде секојдневно вежбање по половина час или пак намалување 5 кг. од вашата тежина за еден месец. Внимавајте целта да биде остварлива, мерлива и временски одредена. Поставувањето на временска рамка ќе ви помогне да се држите до предвидениот термин за вежбање не користејќи го и за други активности.

Мотивирајте се со музика и започнете со полесни вежби

За да бидете задоволни со себе започнете со полесни вежби кои лесно ќе ги остварите. Тоа ќе ви даде мотивација и желба за повторно вежбање. Исто и слушањето на омилената музика е одличен начин да издржите и да заборавите на времето. Можете да си набавите  iPod Shuffle, кој е мал и лесен MP3 уред, совршен за слушање музика додека трчате или пешачите. Доколку сакате да го користите вашиот мобилен набавете си само удобни спортски слушалки кои можете да ги купите тука и да ги добиете на вашата домашна адреса.

Водете евиденција за вашиот напредок и дадете си награда

Секојдневно забележувајте што сте постигнале. На тој начин ќе можете да ги споредувате резултатите и да се мотивирате да постигнете повеќе. Новиот iPhone 6 доаѓа со персонализираната апликација „Health“ која ја забележува вашата целокупна физичка активност во текот на денот и истиот можете да го купите тука. Доколку преферирате Android, новиот Samsung Galaxy S5 ги нуди истите можности преку апликацијата „S Health“. И секако не заборавајте да се наградите себеси. Одберете нешто што ќе ви овозможи целосна релаксација, како масажер за вашите стапала или пак соковник кој ќе ви ја олесни секојдневната подготовка на свежо цеден сок. Можете да си подарите и нова спортска облека, а продавниците најдете ги тука.

Подобрете ја исхраната

Соковите и смути пијалоците подготвени од свежо овошје, зеленчук и јатки се одличен избор на здрави и вкусни оброци кои ќе ве држат сити подолго време. За нивна подготовка потребно е да имате мултипрактик кој ќе ви овозможи брза и лесна подготовка. Дознајте ја цената тука и добијте го со бесплатна достава до вашата адреса. 

Најдете си партнер за вежбање

Вежбањето со пријатели може да биде забавно, а воедно и да претставува обврска која ќе ве мотивира да не изостанувате од договорените термини за вежбање. Ако сметате дека на пријателите можете да им го откажете договорениот термин, личниот тренер е вистинското решение, охрабрете се и пронајдете го тука. Тоа може да биде ваша одлична инвестиција.

На крај по напорното вежбање резервирајте си целосно опуштање во некој од спа центрите во ваша близина и истите пронајдете ги тука.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка