00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Предлог совети за избор на подарок за дамите

 

Во претходниот текст посочивме на неколку предлог подароци за мажите во пресрет на новогодишните празници, a oвој пат имаме неколку совети за сите оние што се двоумат околу изборот на подарок за дамите.

Козметика и производи за нега

Постојат производи што задолжително ќе ги најдете во чантата на една жена и кои ги употребува секојдневно. Во нив спаѓа козметиката, односно производите за нега и убавина. Тука имате голем избор и можете да правите комбинации. На пример, можете да подарите сет во кој се наоѓа сенка за очи и маскара – нарачајте ја тука и да ја искомбинирате со аголна четка за руж, сјај за усни и кармин, туш за очи, моливче и лак за нокти. На овој начин ќе направите еден комплетен подарок кој со сигурност ќе ѝ се допадне.

Покрај шминката, можете да подарите квалитетни производи за нега на кожата како што е маска за чистење лице што можете да ја нарачате тука.

Модни додатоци

Модните додатоци се полн погодок за подарок. Тие го комплетираат изгледот и се ситници што придонесуваат за поголем впечаток. На располагање имате широк избор и можете да одберете помеѓу марами, чанти и држач за чанти, чадор со циркони што со попуст можете да го нарачате тука, ракавици, ремен, зимски шешир, часовник, новчаник или пак торба за патување што можете да ја најдете тука по намалена цена.

Постелнина

Кога станува збор за козметика и додатоци, треба добро да го знаете личниот вкус, односно производите што им се допаѓаат на дамите во вашиот живот. Но, ако не сте сосема сигурни можете да одберете производ за домот, а за тоа на пример имате на располагање голем број постелнини со различни дезени. Нарачајте тука и заштедете.

Накит

За блиските личности во вашиот живот, накитот е вистински избор. Можете да одберете луксузен сет од ланче, алка и обетки изработени од бело-жолто злато кој можете да го нарачате тука. Кога одбирате накит, зависно од буџетот можете да се посветите на тоа да најдете едно посебно парче кое ќе ѝ значи на личноста на која го подарувате.

Поголем избор на накит можете да разгледате тука.

Декоративни елементи и корисни предмети за домот

За дамите на кои украсувањето на домот им е слабост, можете да одберете декоративни елементи. Такви, на пример, се вазни, шолји со интересен дизајн (кои имаат одлична практична примена), керамички сад за освежување простории,  како и садови во кои може да се складира храна и кои со попуст можете да ги нарачате тука. Голем број на декоративни елементи за домот можете да најдете тука.

Апарати за нега и убавина

За подарок можете да одберете и од широката понуда на апарати за нега и убавина. На пример, можете да подарите преса за коса по новогодишна цена, фен, масажер за стапала што можете да го нарачате тука или фигаро. Кај овој тип на производи, за што и да се одлучите со сигурност нема да погрешите во изборот.

Останатиот избор на производи за подарок можете да го погледнете тука.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка