00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Последниот крик на технологијата за загревање на вашиот дом


Сакате ли да пробате нешто ново во претстојната грејна сезона? Иновативните начини за загревање на домот и придобивките од нив се веќе достапни и за македонските домаќинства. Технолошкиот напредок на грејните уреди во развиените земји е втемелен на концептот за одржлив развој. Во сегментот на затоплување, тој означува задоволување на потребите на човекот без да се направат штети на животната средина. Трагајќи по еколошки прифатливи извори на енергија, денешната технологија се обидува да ја минимизира потрошувачката на енергија во домаќинствата и да постигне максимално задоволство за купувачите кои сакаат да бидат чекор пред останатите.

Македонија сè уште заостанува зад развиените земји на полето на иновативна технологија за загревање на домовите. Само 0,87% од вкупниот број на домаќинства во 2014 година ги користеле дрвените отпадоци, брикетите и пелетите како основен вид за греење. Статистичките информации покажуваат дека македонските домови во 2014 година потрошиле само 19.404 тони од овие енергенти, со што огромните предности што ги носат дрвените отпадоци, брикетите и пелетите во затоплувањето на домот, остануваат неискористени.
 



 

Кога станува збор за цената, вреди да се напомене дека брикетите, пелетите и дрвените отпадоци се поприфатливи за употреба во домаќинствата во споредба со некои енергенти. Купувањето на ваквата биомаса не зависи од светската потрошувачка на одредени енергенти, ниту пак од државната контрола на цената од страна на регулаторно тело. Ова не е случај со електричната енергија, природниот гас, нафтата и јагленот, чија цена е многу тешко да се утврди на подолг рок. Од аспект на заштедата на финансии, треба да се спомене дека пелетите се карактеризираат со висока топлинска моќ и мала содржина на влага. Топлинската моќ на еден тон пелети е еквивалентен на еден и пол тони дрва.

Најнова поволност за претстојната грејна сезона е политиката на субвенционирање. Градот Скопје се одлучи да им надомести 70% од вредноста на домаќинствата што ќе купат печки на пелетиСубвенциите во висина и до 30.000 денари се однесуваат за оние граѓани кои немаат приклучок на централното греење во Скопје. Единствено што треба да се направи е да се достави образец за барање за субвенција, доказ за жителство на главниот град и фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за купената печка на пелети. Граѓаните ќе можат да аплицираат за субвенција по распишувањето на јавниот повик сè до 30 ноември.
 


Камини и котли на пелети Thermoflux Interio


Заедно со можноста за субвенционирање, со секоја нова грејна сезона се појавуваат и нови опции за повеќенаменска употреба на камините за пелети. Последниот дострел на технологијата е појавата на термо камини на пелети, кои наоѓаат примена во куќите и во поголемите работни простории.Овие грејни уреди не обезбедуваат само затоплување на домот, туку имаат и серија на други функции. Термо камините на пелети обезбедуваат топла вода за бојлерот, при што уредот може да се комбинира и со соларни панели. На системот на цевки изведен во домот се приклучуваат термо каминот и соларните панели, кои обезбедуваат оптимална температура во текот на зимските месеци. Овој уред за греење претставува најнов тренд во развиените земји – членки на Европската Унија.

Комбинацијата на различни енергенти или уреди се смета дека може да донесе низа предности при греењето на домаќинствата. Уште еден наш предлог е употребата на комбиниран котел за затоплување. Наместо еден, овие авангардни уреди користат два енергента за затоплување – дрва и пелети. Преминот од користењето на еден кон друг енергент се одвива за помалку од една минута. На тој начин, напредната технологија овозможува променливо користење на огревно дрво и на пелети, во зависност од цената и достапноста на овие два енергента во текот на грејната сезона.






 

 

 

 


Соларните системи можат да се користат засебно, или заедно со биомасата. Основниот тип на колектори ја ползуваат сончевата енергија за загревање на бојлерот. Покрај во индивидуални куќи, тие отсега се достапни и за системско вградување во станбени зградиНапредните уреди од овој вид може да се комбинираат со камините и со другите грејни тела за затоплување на живеалиштето. Република Македонија една деценија наназад го субвенционира вградувањето на сончевите колектори во домаќинствата. Министерството за економија секоја година врши поврат на средства во износ до 300 евра при вградувањето на еден ваков уред.

Вредно е да се напомене и дека термоизолацијата игра многу важна улога при затоплувањето и одржувањето на идеалната температура во Вашиот дом. Имено, термоизолацијата значително придонесува за намалување на потрошувачката на енергија потребна за ладење и греење што воедно ги намалува и трошоците за потрошената енергија.

Уште еден иновативен начин за загревање на домот е подното греење. Овој невидлив и безшумен извор на топлина во зимските месеци е убедливо најелегантен, а особено е практичен кај индивидуалните куќи. Подното грееење може да се реализира на два начина – со користење на електрична енергија или со употреба на вода загреана од различни извори на топлина. Добрите страни на подното греење најмногу доаѓаат до израз при комбинирањето со топлинска пумпа или со напреден соларен колектор. Информациите на Државниот завод за статистика покажуваат дека 3.170 македонски домаќинства во 2014 година имале вградено подно греење како основен вид на затоплување на домот.

 



 

За на крај, најзначајната карактеристика на сите овие иновативни системи за греење е нивната независност од централниот систем за затоплување и од придвижувањата на цената на енергентите на светскиот пазар. За разлика од кој било друг начин на загревање, користењето на обновливите извори на енергија обезбедуваат спокојност кај купувачот дека сметките за затоплување на домот ќе останат минимални на долг рок.

Актуелната понуда на современи уреди за затоплување на домот во зимските месеци можете да ја погледнете ТУКА.
 

преземено од build.mk

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка