00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Организирајте се паметно за почетокот на новата учебна година

 
 
Време е да се помириме дека летото заврши, а полека ги испраќаме и последните топли денови. Но, тоа значи дека е време за враќање во училишните клупи!
 
За повеќето деца новата учебна година носи возбудување и радост што повторно ќе се сретнат со своите другарчиња зад училишните клупи, но за родителите овој период знае да биде навистина стресен. Затоа, ние сме тука да ви помогнеме да се организирате подобро за стартот на учебната година и да ги испратите вашите најмили на училиште со насмевка на лицето.
 
 
 
Направете листа за купување
 
Пред да почнете панично да купувате сѐ што се наоѓа во секторот за школска опрема, размислете кои од работите ќе им бидат веќе обезбедени од училиштето, а кои треба да ги набавите вие, како моливи, тетратки, калкулатори, несесери за училишен прибор и слично
 
Доколку сакате да го израдувате и мотивирате вашето дете после забавно поминатото лето, нема подобар начин од купување на ново ранче. Денес, можете да се сретнете со голем избор на дизајни и анатомски облици на ранчиња, а голем дел од нив можете да ги купите преку интернет, па воопшто да немате потреба да шетате по безброј продавници и да се изгубите во целиот процес на избор на совршениот ранец. Па дури, направете го одбирањето на училишен ранец празник за целото семејство, па соберете се сите заедно и разгледајте ја онлајн понудата. Сигурни сме дека тоа ќе биде забавно за сите!
 
 
Направете специјален простор во вашата куќа за завршување на училишните обврски
 
Доколку сакате вашите деца да се посветат на извршувањето на училишните обврски и откако ќе се вратат дома, тогаш направете им забавно катче кое ќе биде посветено само на тоа. За ова не мора да издвоите огромен простор, но одберете барем едно ќоше од вашиот дом кое ќе го уредите во училишниот дух.
 
Можете да го опремите со специјални маси за учење со интересен дизајн за да ги мотивирате да си ја напишат домашната задача, да им испечатите забавни пораки и слики кои ќе ги асоцираат на училиштето и да ги закачите листовите на ѕидот, а ако имате доволно простор можете дури и да закачите училишна табла на која ќе им ги објаснувате математичките задачи.
 
 
Погрижете се за нивниот здрав развој
 
Понекогаш одењето на училиште со многу книги, неправилното седење во клупа и многу други фактори, можат да предизвикаат проблеми при развојот на вашето дете. Поради тоа, подгответе се на време и набавете сѐ што му е потребно на вашето дете за здрав развој, како столче за правилно седење и држење на телото со кое вашето дете ќе се научи да седи исправено. Исто така, доколку решите да купите нови масички и столчиња каде вашето дете ќе ги завршува домашните обврски, погрижете се тие да бидат анатомски направени. Внимавајте и на тоа училишниот ранец да не биде преголем или претежок за големината на вашето дете.
 
 
 
Сега останува само да уживате во новите училишни предизвици и авантури заедно со вашето дете, а доколку сакате да ги најдете најдобрите понуди за училишна опрема, секогаш можете да кликнете тука!
 
 
 
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка