00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

АНАЛИЗА: Греење во зима – одберете го најлесниот начин до топол дом

 

Дали знаевте дека Македонците во текот на една грејна сезона во просек загреваат површина од 37 метри квадратни од својот дом? Македонецот во овие простории ги минува зимските месеци и истите треба да бидат оптимално затоплени во периодот октомври-април. Доколку овие денови размислувате за начинот на загревање на вашиот дом во претстојната грејна сезона, разгледајте го овој уникатен модел за затоплување, кој со едноставната и исплатлива комбинација со сигурност ќе ви овозможи топол дом во наредната деценија.

Нашиот предлог е да искомбинирате инвестиција од вашиот буџет во електричен уред за греење, заедно со изведба на топлинска изолација на вашиот дом. Греењето на струја не е непознат термин за македонските домаќинства. Според извештајот „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата, 2014“ на Државниот завод за статистика, 28,6% од вкупниот број на домаќинства во Република Македонија ја користат електричната енергија како основен вид на греење во нивното домаќинство. Ползувањето на струјата за затоплување на домот е вториот најупотребуван вид на греење во нашата земја, и тоа веднаш по греењето на дрва.

 

 

Купувањето на инвертер клима уред е најповолната опција за греење во текот на оваа зима. Основната предност на овие уреди за греење е нивната голема понуда на македонскиот пазар. Во зависност од големината на вашиот дом, можете да одберете климатизери со капацитет за греење од минимални 2,8 kW, па сè до оние уреди што имаат капацитет од 9,1 kW. Покрај вкупната површина на живеалиштето, моќноста на клима уредот треба да зависи и од распоредот на собите. Доколку не поседувате дом од отворен тип со една пространа просторија, тогаш најдобро е да вградите два климатизери кои имаат помал капацитет за греење. Всушност, разновидните можности за комбинација се една од предностите на овие уреди за загревање на домот.

Постојат голем број на предности на инвертер клима уредите при загревањето на вашиот дом. Најпрво, тие се наједноставниот начин за постигнување на оваа цел. Со нивната употреба нема потреба од нарачки на соодветен енергент (дрва, пелети, брикети, јаглен, нафта и сл.) неколку месеци пред грејната сезона. Електричните уреди за греење заштедуваат време, нерви и енергија од секојдневното ложење на дрвјата и од опасноста да ви се изгасне оганот. Со притискање на едно копче, вашиот инвертер клима уред пристапува кон греење на просторијата во која се наоѓате.

 

 

Некои од продавачите нудат гаранција за квалитет на нивните производи и до три години. Не смее да се заборави фактот дека користењето на овие електрични уреди се проверен и докажан производ на македонскиот пазар. Информациите на Државниот завод за статистика говорат дека во периодот до 2014 година во нашата земја биле инсталирани 180.354 клима уреди. Од нив, 32.393 од домовите уживале во придобивките што ги нудат инвертер климатизерите. Бројноста на домаќинствата што ги користат клима уредите со инвертер технологија е доволен доказ за предностите што тие ги нудат при затоплувањето на домовите.

Иако многумина не би поверувале во овој факт, треба да се истакне дека инвертер клима уредите се еден од најевтините начини за загревање на домот во зимските месеци. Потрошувачката на електрична енергија е сконцентрирана на само еден период од годината, а развојот на новата технологија овозможува производство на инвертер клима уреди од класата А++ и А+++, кои постигнуваат максимална заштеда на електрична енергија. Притоа, повисоката цена на производите од овие највисоки класи овозможува повраток на инвестицијата преку помала потрошувачка на струја, во некои случаи и за само неколку месеци.

 

 

За загревање на дом со површина од 60 метри квадратни, просечно македонско домаќинство со инвертер клима уред би потрошило од 2.000 до 2.500 денари месечно. За разлика од сите други електрични уреди, тие можат да се користат и за ладење на просториите во текот на летните месеци. Со само еден уред може да се постигне посакуваната температура во вашето живеалиште во текот на целата година. За ваше потполно задоволство, вградете електричен термостат во просториите што сакате да ги загреете, со цел да постигнете најголема ефикасност при нивното затоплување.

Како што напоменавме на почетокот од текстов, најдобриот модел за оваа зима е да вложите паралелно во купување на инвертер клима уред и во изведба на нова термичка фасада на вашиот дом со минерална стаклена волна или со графитен стиропор. Доколку оваа опција ви се чини прескапа, помислете дека во Македонија постојат илјадници домаќинства кои мораат да инвестираат истовремено и во уреди за греење, во енергенти пред почетокот на секоја зима и средства за нивно одржување.  Квалитетен инвертер клима уред има малку пониска цена од котел за греење на пелети. Дополнително, изведбата на просечна термичка фасада во Македонија чини колку и купувањето на дрва за греење за две или три сезони. Еднократната инвестиција во топлинска изолација овозможува долготрајно намалување на сметките за електрична енергија од над 30%.

 

 

Официјалната статистика покажува дека само 17,78% од македонските домаќинства во периодот до 2014 година имале изведено топлинска изолација во своите домови. Овие поразителни бројки можат да се променат единствено ако погледнете долгорочно на сумата што ќе ја заштедите со инвестирањето во термичка фасада. Спроведувањето на топлинската изолација кај надворешните ѕидови има рок на траење од неколку децении. Во текот на сите овие години, заштедата на електрична енергија за греење би била над 30% во споредба со постојните сметки. Тоа би значело дека вложените финансии во енергетски ефикасна фасада брзо ќе ви се вратат преку парите што ќе ги заштедите при плаќањето на сметките за струја.

И конечно, не заборавајте дека на македонскиот пазар постојат и други иновативни електрични уреди за греење. Доколку сакате да пробате нешто поразлично од инвертер клима уредите, ние ви ги препорачуваме електричните котли за греење. Од денес, набавката на овој уред за греење може да ве чини и за 10% помалку во однос на редовната цена.

Поради актуелните попусти и примамливите понуди, електричните уреди за греење се вашиот најверен партнер за топол дом во зимата. Разновидна понуда на вакви уреди можете да погледнете ТУКА.

 

преземено од build.mk
Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка