00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

6 чекори до летна оаза во вашиот двор

Вашиот двор може да биде совршената летна оаза за релаксација и уживање во летните денови доколку ги проследите следните 6 чекори на уредување, декорација и подновување.

 

1. Наводнување

Системите за наводнување капка по капка се одлично решение за градини со поголема вегетација, кои особено во летниот период бараат постојано одржување. За градини со помала површина, наводнувањето можете да го решите со набавка на црево и прскалки кои се поставуваат на различни локации и кои воедно можат да бидат одлична забава за најмладите во жешките летни денови. 

 

2. Декорација

Цвеќињата се најубавиот декоративен елемент во вашата градина. Со цел да можете да ги преместувате на локациите кои ви одговараат пресадете ги во саксии. Одлучете се за мали саксии кои може да се поставуваат на самата ограда како овие, или пак поголеми саксии со остри агли како овие кои можат да се постават како еден вид на ограда на просторот за седење.

 

3. Простор за седење

Бидејќи дворот е одлично место за организирање на летните забави потребно е да овозможите удобен простор за седење за повеќе луѓе. Во зависност од стилот на уредување на дворот, можете да поставите интересни маса и столици во облик на буре, или пак за побогат изглед поставете мебел за отворен простор изработен од метал.

 

4. Осветлување

Осветлувањето на вашиот двор и градина може да помогне при доловување на амбиентот кој сакате да го постигнете при уредувањето. Најважно е да го осветлите патот по кој се движите низ вашиот двор и за таа цел можете да поставите светилки или фенери кои создаваат смирена атмосфера. За осветлување на просторот за седење без разлика дали тоа е летниковец или трем, одберете надворешни висечки фенери кои ќе одговараат со стилот и изборот на осветлување на патеката во дворот. 

 

5. Одржување

Редовното одржување на вашиот двор е неопходно за задржување на чистиот и уреден изглед на вашата летна оаза. За истото да ви претставува вистинско задоволство најпрво набавете косилка за трева или пак електричен тример за потешко достапните делови. Доколку имате жива ограда во дворот ќе ви требаат ножици за жива ограда, а решението за гранките на кои им треба кастрење се овие ножици за гранки.

 

6. Базен

Базенот е еден од клучните елементи за постигнување на вистинска летна оаза во вашиот двор. Доколку располагате со поголем буџет, поставете вграден фамилијарен базен кој ќе биде централен елемент во вашиот двор. Доколку пак, располагате со помал буџет, за разладување и релаксација во жешките денови можете да го поставите овој помал базен со метална конструкција.

Доколку ви се потребни и други додатоци кликнете тука и најдете сѐ што ви е потребно за пролетно освежување на домот и градината.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка