00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Кои се опциите за ладење ова лето и колку ќе ве чинат?

 

Топлите летни денови веќе се тука и веруваме дека повеќето од вас започнале со размислување на кој начин да ги разладат просториите во кои престојуваат. Постојат повеќе решенија за ладење, за различни простори, буџети и можности. Информирајте се подолу за опциите и одберете го вистинското решение за вас.

1. Стандарден клима уред

Стандардни (сплит) клима уреди се оние клима уреди кои најчесто ги имаме во нашите домови. Тие имаат компресор кој не го менува бројот на вртежи, па според зададената температура термостатот или исклучува или вклучува. Овие клима уреди константно трошат иста количина на енергија и имаат минимална работна температура до - 5 степени. Во споредба со инвертер клима уредите имаат 2 до 3 пати поевтина цена, но трошат повеќе електрична енергија. Цените за стандардните клима уреди на Македонскиот пазар се движат од 13.000 денари па нагоре, во зависност од јачината на климата. Најпродаваниот стандарден клима уред е со јачина од 3,5KW која одговара за простор од 35m2 и може да го погледнете и нарачате тука.

2. Клима уред со инвертер технологија

Инвертер клима уредите се направени со понапредна технологија која ја регулира брзината на работата на компресорот и токму поради тоа ја намалува потрошувачката на електричната енергија. Кога ќе ја постигне зададената температура, инвертерот го намалува бројот на вртежи на компресорот и константно ја одржува температурата со кратки вклучувања и исклучувања. Нивната минимална работна температура е до - 15 степени. Со инвертер клима уред може да заштедите 30% електрична енергија за разлика од стандардниот клима уред. На македонскиот пазар квалитетен инвертер клима уред од брендот Daikin ќе ве чини 39.900 денари. Најдете го тука

3. Одржување и сервис на клима уредот

За да го искористите целосниот капацитет на вашиот клима уред, истиот треба и редовно да го одржувате. Една од најважните работи е редовното перење на филтрите со што се добива поголем проток на воздух низ самиот клима уред и се зголемува неговата енергетска ефикасност. Исто така, важно е редовно да се врши дезинфекција на клима уредот со цел да се спречи можноста за ширење на штетни микроорганизми како и појавата на непријатни мириси. Одржувањето на вашиот клима уред препуштете им го на професионалци барем еднаш во 2 години – тука побарајте сервисирање и хемиско чистење со 10% попуст од компанија специјализирана во таа дејност.

4. Целосни решенија за климатизација

Централно решение за климатизација во вашиот дом претставува најдобра можност за да навистина постигнете висока енергетска ефикасност. Поставувањето на централни системи за ладење, греење, вентилација и климатизација вклучуваат изработка на техничко решение во зависност од конкретни ваши барања и потреби на просторот, опрема, инженеринг и изведба. Со помош на системите за автоматско управување, работата на целосните решенија за климатизација е точно според вашите потреби. Обезбедете си и вие целосно решение за климатизација на вашиот дом со оптимален однос на цена/перформанси - директно контактирајте со компанијата тука.

5. Вениталор

За простор кој не е премногу топол или пак одделивте мал буџет за ладење ова лето, тогаш одлучете се за разладување со вентилатор. Избор и цени на вентилатори погледнете тука.

За повеќе информации и избор за ладење и останати додатоци за разладување, кликнете тука и најдете различни производи од повеќе фирми во областа на климатизација.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка