00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како најекономично да го подготвите автомобилот за зимата?

Од 15 ноември започнува да важи обврската за задолжителна зимска опрема. Ова значи дека треба навремено да го подготвите автомобилот за безбедно патување во зимски услови. Но, подготовката бара вложување, а за најекономична подготовка, прочитајте за понудата на производи на македонскиот пазар и попусти и до 48% што можете да ги искористите.

Погледнете што се нуди на пазарот онлајн

Понудата на голем број производи што ви се неопходни за да го подготвите автомобилот за во зима можете дa ја разгледате и онлајн директно од вашиот дом. Заштедете на гориво и време, побарајте понуда од компаниите за производите кои ви се потребни и одберете го најдоброто решение за вашето возило. Дел од компаниите можат и да ви го достават производот до вашата адреса. Добро размислете што ви недостига од опрема, разгледајте ја понудата и нарачајте со бесплатна достава. Важно е да не избрзувате со одлуката – затоа добро информирајте се!

 

Искористете ги сезонските попусти за проверка на возилото

Вашето возило за време на зимскиот период ќе се соочи со временски услови кои знаат да бидат особено проблематични. Токму затоа, важно е навремено да го сервисирате автомобилот и да проверите сè што е неопходно, за да утврдите што треба да се промени или поправи. Тука спаѓа проверка на антифриз, масло, сопирачки... Проверката можете да ја направите и бесплатно доколку сте член на АМСМ. Понудата за бесплатна проверка можете да ја најдете тука.

На располагање има голема понуда со попусти, а покрај ова постојат и купони со намалување за одредени производи и услуги што можете да ги искористите.

Обезбедете квалитетен антифриз

Антифризот е неопходен за вашиот автомобил да функционира, односно го штити моторот од замрзнување. Изборот на квалитетен антифриз е многу важен – затоа што, ако одберете неквалитетен производ можете да му нанесете штета на автомобилот. Понудата на антифриз на македонскиот пазар можете да ја погледнете тука. Пакувања антифриз можете да нарачате и со бесплатна достава до вашиот дом, со што ќе заштедите.

 

Заштедете на гуми

Проверете дали гумите што досега сте ги користеле се во исправна состојба, односно не се дотраени. Во овој период од годината, трговците нудат широка палета на гуми за зимата од познати производители, меѓу кои се наоѓаат и доста атрактивни понуди со попуст. Инвестицијата во квалитетни гуми ви носи заштеда на долг рок – колку поквалитетни гуми одберете, толку подолго ќе ги користите, а вашиот автомобил ќе има намалена потрошувачка на гориво. Понудата на зимски гуми можете да ја разгледате ТУКА и да заштедите до 48%!

 

Широка палета на производи со кои ќе го подготвите автомобилот за претстојната зима можете да најдете на следниов линк.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка