00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да се справите со грчевите кај бебињата?

 

Сосема е вообичаено бебињата да плачат, но некои од нив плачат многу почесто од останатите.  Доколку сте новопечени родители, овие моменти можат да ви причинат тешкотија, можеби и мала паника, бидејќи не можете да го смирите своето дете. Големи се шансите честото и неконтролирано плачење на вашето бебе да се должи на грчеви.

Што ги предизвикува грчевите?

Не е точно утврдено што ги предизвикува грчевите. За ова постојат неколку теории – некои лекари сметаат дека грчевите се дел од процесот на развој на детето и дека се резултат на неговата адаптација на средината. Како други причини се наведуваат развитокот на дигестивниот систем, гасови, преголема чувствителност на светлина и звуци, фактот што нервниот систем сèуште се развива. Како причина за грчеви се наведува и цуцлата на шишето, бебето при пиењето на млеко може да голта повеќе воздух, ако цуцлата не е со соодветна големина,. Исто така грчевите може да се јават или зголемат и од исхраната на мајката која го дои бебето. Избегнувајте да јадете кромид, зелка, карфиол, грав и сл.

Грчевите вообичаено се појавуваат од 2 до 4 седмица од раѓањето и траат некаде до четвртиот месец, но може да траат и подолго.

Како да се справите со грчевите?

Сите бебиња се различни и она што му помага на едно бебе, не значи дека ќе го има подеднакво истиот ефект кај друго. Тоа значи дека ќе треба да се обидете да го смирите на повеќе начини.

1. За да му помогнете на вашето бебе, нежно движете ги неговите ноџиња како да вози велосипед. На овој начин ќе се створи благ притисок во стомачето и ќе помогне.

2. Поставете го бебето да лежи на грб и масирајте го мешето со кружни движења.

3. Ставете топол термофор на вашите нозе, и поставете го детето со стомакот врз термофорот  во скут. Претходно пробајте ја температурата на термофорот да не е многу врела.

4. Легнете го на стомачето и нежно милувајте му го грпчето. Благиот притисок врз стомакот делува смирувачки.

5. Против грчевите можат да помогнат и чаевите. Се препорачуваат слабо концентрирани чаеви од нане, маточина, анасон, камилица, и др. При тоа треба да се напомене дека пред да започнете да ги користите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар бидејки нивната честа или прерана употреба може да доведе до потечни столици кај детето.

6. За смирување на грчевите предизвикани од исхраната на бебињата, можат да ви помогнат капките Infacalm. Овие капки можете да ги нарачате на следниов линк.

7. Во третманот на гасови и грчеви може да ви помогнат и капките SAB-SIMPLEKS, што можете да ги нарачате овде.

Превентивни мерки за намалување на грчевите

- Кога го храните бебето држете го, колку можете, во поисправена положба

- После секое хранење на бебето овозможете му да подждригнува.

- Бидејки во некои случаи грчевите се предизвикани од начинот на исхрана на мајката, доколку го доите бебето исфрлете ги од исхраната кромидот, зелката, карфиолот, гравот и кофеинот.

Неколку бонус совети

- Немојте да го прехранувате детето. Почекајте два до два ипол часа пред повторно да го храните. Доколку го храните со млечна формула, тука можете да нарачате производ со достава до вашиот дом, наменет за деца од 0-6 месеци.

- Пробајте да го смирите така што ќе го ставите на своите гради и почнете да го нишате.

- Обидете се со цуцла. Некои доенчиња нема да ја прифатат цуцлата, но затоа пак кај други овозможува ублажување на грчевите.

- Постојат звуци што влијаат смирувачки врз некои бебиња што се соочуваат со грчеви. Таков на пример е звукот на фен или сушална за алишта.

- Топлата бања им помага на некои бебиња. Корита за бебе можете да најдете на следниов линк,  додека пак потребната козметика за после бањање можете да ја најдете тука.

Кога треба да побарате помош од лекар?

Иако грчевите и плачењето се појава што ги мачи многу бебиња, задолжително обратете се на лекар доколку го забележите следново кај вашето бебе:

- Има дијареја, особено доколку забележите и крв.

- Не сака воопшто да јаде и не накачува тежина.

- Повраќа.

- Ви делува дека многу често е поспано.

- Има температура.

Се останато што ви е потребно за вашето бебе можете да најдете тука и да нарачате 24/7 со достава до вашиот дом.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка