00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да купите најкул подароци, а да ги избегнете предновогодишните гужви?

Купувањето на подароци е нешто што ги исполнува двете страни – и оние кои добиваат и оние кои подаруваат. А, нема ништо поубаво од тоа кога навистина ќе го погодите вкусот на пријателите, саканите или семејството и ќе ги израдувате со соодветен подарок. Знаеме дека Новата година доаѓа за многу кратко време и дека понекогаш шетањето по разни продавници, во хаотични гужви може да биде навистина напорно, па решивме да ви помогнеме со предлог подароци кои можете да ги купите преку интернет, а се однесуваат на сите категории на луѓе во вашиот живот.

1. За оние кои обожаваат да се дотеруваат

Сите ние имаме по некој пријател или пријателка кој постојано е пред огледалото и троши часови на разни комбинации за дотерување и грижа за својот изглед, па еве што би можеле да им подарите ним:

 

Парфем

 

Џемпер

 

 

Пелерина

 

 

Козметика

 

 

Преса за коса

 

 

 

2. За „гиковите“

Со нив разговарате за новиот „Star Wars“ филм, не ги разбирате кога ви раскажуваат за нивните омилени ликови од стриповите, но секогаш ви е интересно кога ќе се соберете да играте некоја друштвена игра. Па, за да ги израдувате, одберете нешто од следново:

 

Кул куфер со маската на Дарт Вејдер

 

 

Друштвена игра РИЗИКО

 

 

3. За пријателите кои се луди по вежбање

Во последно време вежбањето и здравиот начин на исхрана се апсолутен хит, па доколку имате некој во вашиот живот кој не излегува од теретана, постојано се грижи за тоа што јаде и се подготвува за летото уште од ноември, поддржете го во нивната намера за здрав живот и подарете му нешто од следново:

 

Топка за пилатес

 

 

Вкусни здрави оброци во секое време

 

 

Соковник

 

 

4. За зависниците од технологија

Можеби вашата најдобра пријателка не може да јаде без да објави фотка на Инстаграм или вашиот најдобар пријател мора во секое време да ги следи фудбалските натпревари, па на вас останува да се погрижите никогаш да не останат без батерија на мобилниот телефон или да имаат таблет за да ги гледаат натпреварите дури и кога сте ги „одвлечкале“ на кафе. Добро, знаеме дека во оваа категорија може да влезат скоро сите во денешно време, па нема да погрешите доколку изберете парче технологија за поголемиот дел од вашите пријатели. 

 

Надворешен полнач за мобилен телефон

 

 

Таблет компјутер + гратис слушалки

 

 

Ташна за лаптоп 15' Samsonite

 

 

Слушалки Sennheiser Sport

 

 

Наочари за виртуелна реалност

 
 
 

5. За оние кои сакаат да патуваат

Со нетрпение ги очекувате фотографиите од сите нивни патувања, а знаете дека додека ви раскажуваат како си поминале, веќе во својата глава размислуваат за својата следна дестинација... Секако, најдобро е кога би им се придружиле, па доколку купувате подарок за нив, размислете да си набавите нешто и за себе!

 

Куфер со тврда облога

 

 

Мек куфер за рачен багаж

 

 

Патна торба со димензии за рачен багаж во буџетните авио компании како Wizz Air

 

 

6. За малите креативци

Радувањето на најмалите е најубавиот дел од празниците, па израдувајте ги оваа година со тоа што ќе ја разбудите уште повеќе нивната креативност и фантазија. Уживајте во подарувањето на следниве работи:

 

Интересни боенки

 

 

Креативен сет

 

 

Сет за правење накит

 

 

Едукативен сет

 

 

Логички игри

 

 

7. За готвачите

Тие секогаш ве канат да го пробате нивниот нов рецепт, а вие едноставно ги обожавате нивните колачи. Па, сигурни сме дека со подарување на корисен подарок за нивната кујна, не само што ќе ги израдувате, туку и ќе си овозможите уште многу покани за вкусни обороци.

 

Миксер

 

 

8. За нeпоправливите романтичари

Со нив мора да ги изгледате сите романтични комедии или со часови да разговарате за љубовните романи.  Нивниот дом е украсен со многу пеперутки, срциња и нежни бои, па овие подароци совршено ќе се вклопат во  нивниот животен стил:

 

Пеперутка од филигран

 

 

Цвеќе

 

 

Рачен часовник во нежна боја

 

 

Накит во форма на цвеќе

 

 

9. За оние кои се секогаш расположени за добра забава

Без разлика дали времето надвор е ладно, дали веќе ги поминале „лудите“ тинејџерски денови или едноставно е вторник, луѓето кои спаѓаат во оваа категорија на пријатели се секогаш расположени за забава. Како да ги изненадите? Во нивни стил!

 

Караоке сет

 

10. За малите градители

Има нешто во детската фасцинираност од големи камиони, багери и слични машини. Децата обожаваат да „градат“ работи, а со самото тоа ја развиваат својата креативност и го разработуваат мозокот. Исто така, нема ништо позабавно од малку валкање во дворот, копајќи песок за да го наполнат својот багер.

 

Миксер за бетон

 

 

Трактор

 

 

Камион за отпад

 

 

Работилница

 

 

11. За хуманитарците

Доколку имате пријатели кои постојано ве викаат да им правите друштво на хуманитарни настани, собираат помош за социјално згрижените лица и се чувствуваат исполнети кога ќе помогнат некому, совршен подарок е токму вашата хуманост во нивно име. Ви препорачуваме да им купите новогодишни честитки со кои ќе помогнете на дечињата, а тие ќе можат потоа да ги пратат и да ги споделат своите новогодишни честитки со некој друг. Важно е да се шири добрината, среќата и хуманоста, зар не? 

 

Новогодишни честитки

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка