00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Еве како да ја истакнете надворешната убавина на вашиот дом

Има многу стилови на архитектура, а истакнувањето на надворешната убавина на вашиот дом можеби на прв поглед ви изгледа како премногу работа. Но, без разлика на стилот на вашиот дом, има многу начини како да направите тој да блесне однадвор и да ги направите вашите соседи малку љубоморни.

Најпрво, застанете пред вашата куќа и погледнете ги работите кои ја издвојуваат од другите и оние кои ве прават да се насмевнете секој пат кога ќе се паркирате пред неа и знаете дека сте дома.

Се сетивте на сите тие работи? Одлично, тогаш можете да почнете да размислувате како да ги надградите и истакнете.

Искористете ги омилените бои

Исто како и со внатрешниот дизајн, и кај надворешниот најевтиното решение е да го смените изгледот преку боите. Повторно размислете на тоа кои елементи од надворешниот дизајн сакате да ги истакнете - од надворешните врати, оградата околу вашиот дом, плочките кои водат до влезната врата, ќерамидите, па сѐ до мебелот кој можеби го имате на надворешниот трем.

Истакнете ја убавината на домот со надворешно осветлување

Дали некогаш сте размислиле како изгледа вашиот дом кога сонцето ќе зајде? Осветлувањето на елементите од фасадата секогаш се добра идеја ако сакате да ја издвоите вашата куќа од останатите. Секако, не заборавајте и на градината и дворот доколку ги имате - правилното осветлување токму на тие делови може да направи вашиот дом да изгледа магично навечер.

Останете верни на стилот

Секогаш имајте го на ум стилот на вашиот дом. Доколку работите во согласност со стилот, неговите архитектонски елементи ќе се истакнат со дизајнот. Доколку стилот на куќата е минималистички, уредување на градината со премногу елементи едноставно нема да одговара. Затоа, доколку планирате да ги смените прозорците и вратите, да додадете фолии за кров, бекатон плочки пред вратата или дури и да додадете базен, никогаш не го заборавајте првичниот стил кој го имате одбрано за изгледот на вашиот дом.

Не заборавајте на околината

Иако главниот фокус треба да ви биде на вашата куќа, размислете како ќе се вклопи новиот дизајн во околината, затоа што игнорирањето на просторот околу куќата е честа грешка при реновирањето на надворешниот изглед. Доколку вашата куќа се наоѓа далеку од градскиот асфалат, можеби треба да размислите да ја замените бетонската патека со камен, или обратно - доколку  вашиот дом се наоѓа во урбана населба, одберете модерна гаражна врата која ќе се вклопи во изгледот на средината и ќе и даде посебен шмек на вашата куќа.

Откако ќе ги разгледате сите овие работи, време е да најдете соодветна градежна компанија која ќе ги извршува работите. Секогаш кога се договарате со некоја градежна компанија, бидете јасни уште на самиот почеток што сакате и убаво објаснете им го тоа. 

Доколку сакате да скратите од времето потребно за разгледување и нарачка на сите елементи потребни за разубавувањето на надворешноста на вашиот дом, посетете го делот на Market Konekt посветен на градежништвото и пронајдете го сето она што ви е потребно, без разлика дали се работи за најситните детали или самата градежна компанија која ќе ги изведува работите. Потоа, оставете ја работата на професионалците и уживајте во новиот изглед на вашиот дом.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка