00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да го подготвите вашиот автомобил за зимскиот период

Пред да почнат да пристигнуваат ниските зимски температури, секогаш ги подготвувате вашите најмили со тоа што им купувате или плетете капа и шал за да ги заштитите од студеното време. Но, на вашиот миленик на четири тркала му е потребна малку поинаква подготовка и заштита за ладните денови, а ние сме тука да ви помогнеме при грижата за него.

Најпрво заменете ги гумите!

Покрај тоа што ова е законска обврска на сите возачи (во случај да немате ланци), промената на летните со зимските гуми е всушност инвестиција којашто навистина ќе ви се исплати на долг рок, бидејќи со тоа што ќе ги замените гумите, вие ги заштитувате и двата пара на гуми поради соодветната примена. Исто така, она што е можеби најважно е што ќе се заштитите себеси и вашите патници од излизгување на снежните патишта, макар и кога станува збор за возењето низ градските подрачја.

Еве предлог за неколку различни модели на зимски гуми кои можете да ги одберете оваа сезона:

1.  Зимски гуми Sava Eskimo

2.  Зимски гуми Firestone

3.  Зимски гуми Lassa

4.  Зимски гуми Dunlop

5.  Зимски гуми Vredestein
 

Проверете дали ви работи системот за греење и останатите функции кои се важни за зимскиот период

На многумина нема ни да им текне дека треба да го проверат системот за греење пред да настапат ниските температури, но за да ги избегнете гужвите ви препорачуваме навреме да го однесете вашиот автомобил на проверка и сервис. Покрај системот за греење, сервисерите нека го проверат целосниот електронски систем на автомобилот, особено акумулаторот.

Исто така, важно е да го проверите нивото на анти-фриз средство за да видите дали е време да се надополни, да ги проверите брисачите и да ги замените во случај да се истрошени и да се погрижите за каде би го чувале вашиот автомобил доколку настапат екстремно ниски температури. За последново, ви препорачуваме доколку немате гаража, да инвестирате во прекривка за автомобилот со цел да ја зачувате неговата боја од лупење и стаклата од замрзнување.

Инвестирајте во членска картичка за помош на пат

Во зима може да се случат многу проблеми со автомобилот кои сигурно не сте ни помислиле дека може да ги имате, па за да не мрзнете на ниските температури и да се обидувате сами да го поправите автомобилот, инвестирајте во членска картичка за помош при пат, без разлика дали се работи за вашиот приватен или службен автомобил. Верувајте, во случај да се случи дефект со автомобилот додека одите на скијање во планина, ќе ни бидете благодарни за овој совет! :)

Исто така, во случај да планирате да одите на скијање во странство, навреме проверете доколку ви истекува регистрацијата на вашиот автомобил во скоро време, а за да немате никакви грижи користете каско осигурување, поради тоа што автомобилот знае да претрпи поголеми штети во зимскиот, отколку во било кој друг период од годината.

Проверете ги ланците и другата зимска опрема

Ланците за гуми се задолжителна опрема којашто треба да ја поседувате во зимските автомобили според законските прописи. А, доколку сакате алтернатива – можете да ги користите и чорапите за гуми кои се погодни за снег и мраз. Во секој случај, проверете ја нивната состојба пред да одите на пат во снежни предели и доколку ова ви е прва зима како возач, ви препорачуваме и претходно пробно да се обидете да ги наместите за да бидете сосема подготвени.

За крај, кога автомобилот ви е подготвен и немате за што повеќе да се грижите, останува само убаво да се забавувате, затоа што и зимскиот период нуди снежни радости и убаво поминато време со пријателите и семејството во вашиот град и планинските скијачки центри!

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка