00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Кој тип на греење е најисплатлив?

 

Дрва, парно, клима уред...? Постојат голем број на опции за греење за зимските денови, но она што сите не интересира е преку кој тип на греење ќе заштедиме најмногу, а ќе успееме да го стоплиме својот дом.

Потребата за греење на домот трае отприлика шест месеци, со тоа што три месеци просториите треба да се топлат најинтензивно (за да се утврди просечната потрошувачка се зема дека сакате да загреете простор од 60 метри квадратни). Врз потрошувачката влијаат многу фактори од типот: колкав простор сакате да згреете, колку квалитетна изолација имате итн.

Зошто е важна изолацијата?

Еден елемент е особено важен кога е греењето во прашање. За да има максимална искористеност на топлинската енергија, просториите од вашиот дом мора да имаат квалитетна изолација. Ова е инвестиција што треба да ја направите доколку сакате да заштедите на сметки и да го згреете домот. Тука можете да се информирате за цената на графитен стиропор кој е одличен топлотен изолатор.

Греење на дрва

Секоја година постои голем интерес за греење на дрва, а цената на еден метар кубен дабово дрво оваа година достигна и до 3.700 денари. Ако земете предвид дека едно просечно македонско семејство троши од 6-8 кубни метри значи дека за дрва би потрошиле над 25.000 денари. Дрвата се посакуван избор за греење од многу причини –топлината од природниот оган се смета за една од најефикасните, бидејќи тој бргу ја затоплува просторијата и со овој начин на греење можете да бидете сигурни дека просторијата нема нагло да се излади. Покрај тоа, многу семејства ги користат шпоретите на дрва и за готвење со што ги намалуваат сметките за електрична енергија во зимскиот период.

Покрај класичните шпорети на дрва, за затоплување можете да користите и камини на пелети со моќност од 14 и 20 KW, од кои дел ја имаат и опцијата да се поврзат со парно. Еден тон пелети чини 12.000 денари.

Постојат и топловодни котли кои комбинирано загреваат на цврсто гориво, нафта и електрична енергија, а цената  можете да ја дознаете тука.

Греење на струја

Интересот за греење на дрва е голем, но останува фактот дека и многу семејства се греат на струја. Доколку се одлучите целосно да се греете на струја, цената на месечните сметки ќе зависи дали и колку често ја користите евтината тарифа. Бидејќи е неопходно да се греете и за време на стандардната тарифа (на пример, секое полнење на електрична печка за време на стандардната тарифа значително ги зголемува и сметките), сметките во просек изнесуваат некаде околу 6.000 – 9.000 денари месечно. Висината на сметките зависи и тоа дали ја загревате само собата во која престојувате или пак ја загревате целата куќа или стан. 

Клима уреди

Ако размислувате за време на грејната сезона да се греете на електрична енергија, а притоа вашиот прв избор е клима уредот, тогаш подобра опција е  инвертер клима уредот кој по намалена цена можете да го најдете тука. Со овој тип на клима уреди потрошувачката на струја е помала, а другата предност е што можете да го згреете домот дури и кога температурата надвор ќе падне и до -15. Секако, пред да ја направите инвестицијата, потребно е да утврдите колкав простор сакате да загреете и колкава е моќноста на клима уредот. Со инвертерот износот на месечните сметки ќе изнесува нешто над 4.000 денари.

Топлотна пумпа

Топлотната пумпа е висока инвестиција, но на долг рок се исплатува. Доколку имате повисоки средства и можете да си ја дозволите, тогаш не се двоумете околу инвестицијата. Цената изнесува нешто над  270.000 денари, а со неа можете да го затоплите домот дури и кога температурата ќе падне на -25. Топлотната пумпа можете да ја поврзете и на соларен колектор, што е голема предност.

Други видови на греење кои моментално се присутни на македонскиот пазар можете да погледнете тука.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка