00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Како да направите гејминг соба во вашиот дом?

Идеалната соба за гејмање може да биде различна за секого, меѓутоа поставувањето на истата во вашиот дом може да биде многу поедноставно отколку што мислите. Прочитајте кои се најважните елементи при правење одлична гејминг соба за дружење и уживање. 

Поставете го екранот

Покрај вашата конзола за игри, најважниот елемент во вашата гејминг соба е телевизорот. Доколку сакате да постигнете подлабок контраст на сликата и да одбегнете сецкање при движењата, одлучете се за Ultra HD телевизор како овој. Доколку пак сакате посветла и поостра слика со јаки бои одлучете се за Super UHD телевизор со 4к резолуција и премиум систем за звук.

Најдете ги сите продавници за видео и аудио опрема на македонскиот пазар тука.

Направете го просторот удобен

Одлучете се на кој начин најдобро да го организирате просторот за седење во собата. Доколку сакате да ја уредите собата како простор за дружење, одлучете се за голема и удобна гарнитура која би можела да собере повеќе луѓе. Доколку пак, располагате со помал буџет, одлучете се за лесни и удобни фотељи на дување како овие или пак големи перници на кои што може удобно да се смести поголема група на луѓе. Декорирајте го просторот со испечатени слики на платно со ликови од вашите омилени видео игри или пак поставете ја вашата колекција на видео игри.

Поставете добро озвучување

За максимално уживање во вашата гејминг соба, погрижете се одличната слика да биде надополнета и со одличен звук. Ова може да се постигне преку поставување на сараунд систем во собата или пак добар звучник за телевизори. Доколку живеете заедно со други луѓе на кои може да им пречат гласните звуци, одлучете се за квалитетни слушалки кои што може да се поврзуваат со лаптоп компјутер, MP3 плеер или пак имаат опција за поврзување преку Bluetooth.

Најдете ги сите продавници за озвучување и опрема тука

Кабли

Погрижете се сите елементи во собата да бидат уредно и квалитетно поврзани со помош на соодветните аудио и видео кабли и приклучоци. Најдобар и најчесто употребуван избор за ова се HDMI каблите.  

Доколку ви се потребни други додатоци кликнете тука и најдете повеќе производи од областа на електроника, компјутерска и мобилна технологија.

Откако ќе ги поставите сите потребни елементи за вашата гејминг соба викнете ги пријателите и започнете со забавата. 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка