00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Направете домашно кино со мал буџет

Честопати времето и скапите кино карти се пречка за посета на кино и максимално уживање во новите филмови. Но, затоа постои решение со малку работа и мали трошоци, да ги добиете аудио и видео ефектите на кино во вашиот дом. 

Опремете и подгответе ја просторијата

Најдобро е просторијата во која ќе го поставите вашето домашно кино да биде просторија во која има помала светлина. Одлучете се дали би сакале да поставите проекционо платно на еден од ѕидовите или пак решете се за поевтина варијанта и бојадисајте го ѕидот во бела боја. Најдобро би било станатиот дел од просторијата да биде бојадисан во темни бои кои што не рефлектираат светлина.

За да постигнете автентичен кино изглед, поставете оригинални кино столчиња или пак одлучете се за полежерен изглед и поставете гарнитура од палети изработена по нарачка за вашето домашно кино или пак удобни фотелји

Видео

Првата работа која треба да ја направите е да набавите квалитетен проектор со висока дефиниција, контраст и осветленост. Проекторот може да се најде за значително помала цена од голем телевизор и тој може да биде оспособен за гледање на филмови во 3Д. Проекторот можете многу лесно да го поврзете со вашиот лаптоп со помош на HDMI кабел за пренесување на сликата. 

Најголем избор на проектори на пазарот на Македонија, можете да најдете на овој линк.

Аудио

Постигнатата квалитетна слика со проекторот не би имала значење без добро озвучување. Доколку сакате автентично кино озвучување решете се за сараунд систем на звучници. Доколку пак, сакате поедноставно, преносно решение одлучете се за дискретен дигитален звучник кој обезбедува богат и добро балансиран звук за низа звучни режими за кино, музика, говор и спорт.

Сè што ви е потребно од електроника и елементи за опремување на вашето домашно кино, можете да најдете тука. По завршувањето на опремувањето, не заборавајте да ги одберете вашите омилени филмови и грицки и уживајте во кино атмосферата и удобноста на вашиот дом.

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка