Редовно чистење на клима уредот за поголема ефикасност
За време на топлите денови од летото нема ништо поубаво од пристигнување во пријатно разладен дом или канцеларија. Да бидеме искрени сервисирањето на клима уредот ни е последното нешто на ум се додека не му се намали моќта на ладење, се расипе насреде летните горештини или почне да шири непријатна миризба.
За да не ви се случи такво нешто потребно е редовно одржување на вашиот клима уред. Скоро секој уред троши по 5% од својата ефикасност за секоја година што работи. Со тек на време и самите компоненти ослабуваат па затоа рутинското сервисирање е неопходно. Она што исто така е важно е и редовното перење на филтрите со што се добива поголем проток на воздух низ самиот клима уред и се зголемува неговата енергетска ефикасност. За да го спречите и ширењето на штетните микроорганизми и појавата на непријатни мириси потребна е дезинфекција на клима уредот.
Клима уредот треба да се одржува барем еднаш во 2 години, а за најдобар ефект препуштете им го тоа на професионалци. Тука можете да најдете сервисирање и хемиско чистење со 10% попуст од компанија специјализирана во таа дејност.
Стандарден клима уред VS. Клима уред со инвертер технологија
За сите оние на кои финансиите не им претставуваат проблем и се спремни да инвестираат во малку поамбициозен метод за разладување, целосното решение за климатизација е вистинскиот избор. Централно решение за климатизација во вашиот дом претставува најдобра можност за да навистина постигнете висока енергетска ефикасност. Поставувањето на централни системи за ладење, греење, вентилација и климатизација вклучуваат изработка на техничко решение во зависност од конкретни ваши барања и потреби на просторот, опрема, инженеринг и изведба. Со помош на системите за автоматско управување, работата на целосните решенија за климатизација е точно според вашите потреби. Обезбедете си и вие целосно решение за климатизација на вашиот дом со оптимален однос на цена/перформанси - директно контактирајте со компанијата тука.
Без разлика за кој од овие методи за разладување ќе се решите, важно е да ги запазите препораките за правилно користење:
|