00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

5 електронски уреди кои мора да ги поседувате

Го знаете она чувство кога ќе си купите нов електронски уред и се радувате исто како дете кога ќе добие нова играчка? Епа, време е да ги разгледаме уредите кои едноставно мора да ги поседувате.

Технологијата почна да навлегува во секој аспект од нашите животи, па без оглед на тоа дали се работи за телевизорот во нашиот дом, принтерот на работното место или мобилниот телефон кој го носиме секаде со себе, секогаш се стремиме да бидеме во тек со најновите уреди на пазарот.

 

Bluetooth звучник

Оваа пролет не можете да отидете со друштвото во парк без да поседувате звучник на кој ќе ја слушате вашата омилена музика. Звучниците од овој тип се хит за оваа сезона, а секој оној кој е во тек со модерната технологија мора да има барем еден. Внимавајте само да не ја потрошите прерано батеријата на мобилниот телефон, па погрижете се да имате секогаш при рака надворешен полнач.

Доколку сепак одберете да ја задржите музиката за себе додека шетате или спортувате, одберете квалитетни спортски слушалки кои ќе го направат целото искуство попријатно.

 

Наочари за виртуелна реалност

Наочарите за виртуелна реалност се можеби најжешкиот хит во светот на технологијата во овој момент. Иако концептот за вирутелна реалност постои веќе неколку години, оваа година за прв пат оваа технологија стана достапна за пошироката публика. Со поврзување на ваквиот вид на наочари преку вашиот iOS или Android мобилен телефон и добра интернет врска, можете да доживеете сосема нов свет од удобноста на вашиот дом. 

 

Летечки дрон

Доколку сакате да правите одлични фотографии и видеа од необични перспективи, тогаш следно на вашата листа за купување треба да го ставите летечкиот дрон. Птичјата перспектива овозможува сосема нов поглед на работите, а дроновите се забавни исто онолку колку што се и корисни. Доколку поминувате многу време во природа снимајќи со дронот, погрижете се да имате добар уред за напојување со електрична енергија, за да може да ги користите сите електронски уреди додека сте на вашата авантура.

 

Сите кул додатоци за мобилен телефон или таблет

Бидејќи сите ние станавме зависни од нашите мобилни телефони или таблет компјутери, помислата да купиме додатоци кои ќе ни го олеснат нивното користење (или само направат покул) е секогаш добра идеја. Од сијаличка за читање за вашиот Kindl, до држач за мобилен телефон за во автомобил за сите оние патувања кога треба да ги следите GPS инструкциите, или надворешен полнач кој ќе ви овозможи непрекинато користење дури и кога сте подолго надвор – едноставно мора да ги поседувате овие додатоци за вашето омилено парче технологија.

Па, без да издвојуваме ништо посебно, ви препорачуваме купување на сѐ она што ќе го направи искуството на користење на вашиот телефон уште попријатно и позабавно.

 

Мегафон

Овој електронски уред е повеќе од потребен доколку живеете во Македонија и сте љубител на протести од секаков вид. Па, без дополнителни објаснувања, ќе го оставиме овој мегафон да го украсува крајот на оваа листа. 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка