00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

4 алтернативи за греење оваа зима

 

Добро познато ни е дека ефтино греење не постои но, ако се информирате добро може и многу да заштедите. На нашиот пазар се нудат различни алтернативи за греење. Од нив за вас издвоивме 4 со конкретни пресметки кои ќе ви помогнат со греење на домот и чување на домашниот буџет оваа зима

1. Камини на пелети

За камин или котел на пелети со адекватна моќност потребна е поголема еднократна инвестиција. За простор од 50 м2 потребен е камин со моќност од 8 kW. Цените варираат во зависност од моќноста, производителот и дизајнот. Голем избор на камини на пелети можете да погледнете ТУКА и веднаш да поставите прашање до продавачите. 

Пелетите сè повеќе се користат бидејќи се практични: 1 тон пелети заменува 4 кубика огревно дрво, а зафаќа три пати помал простор од вашиот подрум или двор. Останува многу малку пепел, а воздухот е чист. За простор од околу 50 м2 за една грејна сезона би потрошиле 1 тон кој чини околу 12.000 ден. Со пелети може да се снабдите ТУКА.

2. Котли на дрва и брикети

За да дознаете какви котли на дрва се нудат на домашниот пазар и по која цена се, проверете ТУКА.

Веројатно најдобра замена за огревно дрво се брикетите. И тие ќе ви одземат помал простор (1 тон заменува 4-5 кубика дрво) и ќе добите почист начин на греење (пепелта е  незначителна). Изборот и цените на брикетите се ТУКА. Во зависност од суровината цените се движат од 8.260 до 12.000 денари за 1 тон. Не ги користете во отворен камин бидејќи брзо согоруваат кога нема регулација на воздух.

3. Инвертер клима уреди

Инвертер клима уреди се употребуваат преку целата година. Покрај ладење во лето, посебно се корисни за загревање на поголеми простории во зима и преодни периоди. На пазарот се нудат различни инвертер клими - за карактеристиките и цените информирајте се ТУКА. Изборот е од различни производители по цени од 22.890 денари па се до оние со напреден дизајн кои чинат над 70.000 денари. Дел од нив сега се со попусти до 12%. Важно е да изберете модел со капацитет што одговара на просторот, на пример за загревање на 50м2 потребен ви е уред со моќност од 5kW.

4. Електрично греење

Панелите се еден вид на електрични грејни тела кои најчесто се користат за загревање на помали простории. Покрај допадливиот изглед и практичното монтирање, друга предност е и тоа што сушењето на воздухот е сведено на минимум.

Калорифер (тајфун) се користи за брзо затоплување на просторот. Во зависност од моделот, калориферот може да има од 2,2kW па се до 10kW моќност на греење кои може да се користат за загревање на мали простори па се до огромни хали.

Електричните греалки се слично решение кои се користат за брзо и лесно загревање на мали простории. Нивната компактност ги прави практични за пренос, и се одлична солуција за привремено загревање на простор. 

Погледнете повеќе опции за греење кои ви стојат на располагање ТУКА, дел од нив се со попусти до -12%!

Може да побарате и конкретна понуда за просторот кој сакате да го загреете. Поставете барање за понуда до повеќе компании за греење одеднаш, на следниот линк. Напишете информација за квадратура, изолација, поставеност и сите аспекти кои се битни во поглед на загревање на просторот. Потоа, очекувајте да ви пристигнат повеќе понуди за греење од различни компании.

 

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка