00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Што се можете да испринтате со 3Д принтер?

Достигнувањата кои се случуваат во технологијата на 3Д принтот постојано се движат во нагорна линија и бројот на предмети кои можете да ги замените со помош на оваа технологија постојано расте. Можете да направите предмети за употреба во медицината (протетика), стоматологија, автомобилска и авио индустрија, мода, различни детали за вашиот дом или уникатни подароци за најблиските.

Со цел да ја разбудиме вашата љубопитност, во продолжение ви претставуваме неколку функционални примени на 3Д Принтерот:

      1. Акцесоари за домашна журка со кои ќе ги изненадите пријателите и кои ќе ја направат вашата забава незаборавна, а во исто време и сите ќе посакаат да ги имаат

      2. Накит – одличен подарок за вашите најблиски

      3. Акустична гитара – Гитарата од вашиот омилен музичар можете да ја имате во вашиот дом

      4. Делови за бела техника – наместо да купувате нова машина можете да испринтате нови делови за истата во секое време

      5. Браник за кола – Можете да испринтате целосна кола или пак само делот за кој е потребна промена

      6. Механичка рака (протетички средства) - 3Д принтот ја револуционаризира модерната медицина и го олеснува животот на многу луѓе

      7. Заштитни маски за смартфони. Имајте секогаш уникатна и различна маска за вашиот телефон, а кога изгледот ќе ви  здодее – едноставно испринтајте си нова. 

     8. Сет чашки за секојдневна употреба, можете да испринтате поголеми количини во зависност од бројот на гости во вашиот дом

 

Изборот зависи од вашите потреби, а дизајнот единствено од вашата креативност. За подготовка на дизајнот можете да го користите било кој програм за дигитално моделирање или пак некој од илјадниците готови модели за чие користење не е потребно да имате дополнително техничко знаење.

Во комплет со принтерот доаѓа и софтверот кој врши подготовка пред печатење. Материјалот кој се користи за да се претвори дигиталниот во 3Д модел е ПЛА обновлив био-разградлив полимер кој по завршувањето на печатењето не бара никаква доработка.

Покрај многубројните можности кои ги нудат, 3Д принтерите се подостапни за секого и во однос на цената и во блиска иднина можат да станат дел од секој дом. Повеќе информации за цената и достапноста на 3Д принтерите на нашиот пазар можете да најдете на следниот линк.

Во насока на олеснување на денешниот брз начин на живеење можете да ги погледнете и сите останати производи од Електроника, компјутерска и мобилна технологија наменети за таа цел на следниов линк

Сакаш да добиваш понуда со сезонски попусти?


070/287-777

корисничка поддршка