00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Стратешко планирање

Стратешко планирање

Цената е со вклучен ДДВ
11.918 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Стратешко планирање
    Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за стратешко планирање преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да извршат надворешна и внатрешна анализа на средината на фирма/компанија/организација; да употребат алатки за анализа; да направат стратешки избор; да дефинираат стратешки цели и насоки; да изработат план за спроведување на стратешки цели; да подготват буџет во склоп на стратешки план и друго.

    Опфат – теми

    Разбирање на основните концепти на стратешко размислување
    Опис на процесот на стратешко планирање
    Основни компоненти на стратешки развој
    Важноста на планирањето и креативноста при развивање стратегија
    Влијанија (надворешни и внатрешни)
    Важноста на лидерството во процесот на стратешко планирање и имплементација
    Анализа на средината
    Очекувања, цели и моќи
    Анлиза на ресурси
    Методологија и алатки за работа на внатрешна и надворешна анализа
    Анализа на релациите со надворешни актери – институциограм
    Матрица на опфат
    Модели и рамки при стратешко планирање
    Анализа на ризици и ограничувања и развој на план за надминување
    Внатрешна анализа (SWOT)
    Стратешки избор
    Дефинирање на стратешки насоки
    Предизвици при имплементација на стратешкиот план и справување со нив
    Изработка на план за спроведување на стратешки цели
    Подготовка на буџет во склоп на стратешки план
    Ангажираност на вработените во процесот
    Управување со промени во процесот
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за менаџери кои управуваат со компании/фирми/организации, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на стратешко планирање.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686

    Тагови: Стратешко планирање, Strategic Planning
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:ЕСП
  • Земја на потекло:Македонија
  • Минимална количина за нарачка:1
  • профил на компанијата

    ЕСП

    • Опис на компанијата:КОМПЈУТЕРСКА ОБУКА: • Пакет-канцелариско работење (win,word,excel,internet) основно/напредно ниво • Посебни/напредни курсеви • Графички • WebDesign ЈАЗИЧНИ КУРСЕВИ: • Општ странски јазик • Деловен англиски • Комуникација • Подготовка за ibtTOEFL и IELTS ДЕТСКИ КОМПЈУТЕРСКИ КУРСЕВИ: • групи од 6-10год. и 11-14год. (I,II,III,IV ниво) ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГЛИСКИ: • BEC; ICFE; ILEC ОБУКИ-РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИ ВЕШТИНИ: • Развој и управување на човечки ресурси • Лидерство • Деловен секретар-Office manageр • Продажба и техники на продажба • Обука на обучувачи • Градење тимови • Управување со време • Презентациски вештини • Управување со стрес • Управување со конфликтни ситуации • Управување со тешки клиенти • Грижа за клиенти • Управување со проекти • Стратешко планирање • Комуникациски вештини • Вештини на преговарање • Ефективно водење состаноци • Решавање проблеми и одлучување • Други
    • Име на контакт лице:Лидија Таскова Попова
    • Адреса:9-ти Мај 4
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:02 3246041
    • Година на регистрација:1999
    • Локација на мапа:Прикажи
    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Решавање проблеми и донесување одлу ...

    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Ангажираност на работното место

    Цена со ДДВ:5.192 ден.

    Ефективно управување со времето

    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Мотивација

    Цена со ДДВ:5.782 ден.

    Застапување интереси (Advocacy)

    Цена со ДДВ:5.310 ден.

    Управување со тешки ситуации




    023246041

    корисничка поддршка