Company introduction:Долгогодишното искуство на персоналот токму во оваа дејност, е гаранција дека резултатот ќе биде испорачан : висок квалитет и ниска цена. Бидејќи тоа е возможно. Последните неколку грејни сезони македонскиот пазар функционира дисбалансирано и ценовно и во поглед на квалитетот на продуктот. Нашата компанија си зададе мисија да го промени тоа функционирање во целост. ПРЕМИУМ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е компанија формирана во 2017 година со единствена цел – воведување високо ниво на стандард и квалитет со единствена цена на дрвените пелети за греење на македонскиот пазар. Нашето мото е :
Квалитетното секогаш може да биде поквалитетно. Кај квалитетниот финален производ не е дозволена импровизација и штедење
…изразено преку нашата мисија:
Воведување единствена цена на дрвените пелети, во текот на целата година.
За таа цел, од 2017 година во нашата трговска програма воведовме увоз на висококвалитетни дрвени пелети, со EN+ германски сертификат за квалитет.