00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Вертикален резервоар


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Армираниот полиестер е композитен материјал за
    изработка на резервоари.Внатрешната страна кај
    резервоарите е глатка така што не доаѓа до прилепување
    на кристали и нечистотии со што се овозможува лесно
    одржување на складираната течност.
    Полиестерските смоли се многу отпорни на органски и
    неоргански киселини, бази, соли и органски растворувачи.
    Армираниот полиестер се одликува со постојан квалитет
    во температурен интервал од 40 С до +120 С и мала
    специфична тежина (1600-1800 кг/м3) со што се погодни за
    ракување и преместување. Природната боја на
    армираниот полиестер односно неговата прозирност
    овозможува визуелна контрола на разни течности без
    нивопоказател. Изработуваме резервоари за секаков тип
    на намена и тоа: Резервоари за складирање на нафта,
    вода, млеко, вино и др. Сепаратори, Маслофаќачи за
    млечни индустрии, пречистителни станици за третман на
    отпадна вода од фекална канализација.
    Во нашиот производен програм освен наведените
    димензии и форми на резервоари можат да се изработат и
    и други резервоари со волумени и пречници по барања на
    купувачите. За секој од нашите производи поседуваме
    потребен сертификат.
  • Availability:Contact
  • company profile

    2001 Оскарпласт

    • Company introduction:Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Нашите производи ги пласираме на пазарот во Македонија, Косово и Албанија. Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа: • Изработка на базени од армиран полиестер • Пречистителни станици за третман на отпадни води • Маслофаќачи • Сепаратори • Резервоари за вода и нафта • Комплет урбана опрема-детски игралишта • Чамци, глисери, јахти • Многу други производи и можност за нарачка по барање на купувачите Компанијата е основана во 1990 год. и е 100% приватна сопственост. Лоцирана е во индустриската зона во Струга со вкупна површина од 2500 m2, од кои на 1000 m2 се простира производната хала, администрација и магацини. Фирмата брои 12 вработени кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам. Од 1990 год. па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер. Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите клиенти. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги. Нашата компанија ги поседува сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и сертификатот за животна средина ISO14001. Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме кон понатамошната реализација на вашите барања и потреби.
    • Contact Person Name:Марина Хаџиевска
    • Address:Индустриска б.б.
    • City:Struga , Macedonia
    • Cell Phone #:070 212813
    • Telephone #:046 700947
    • Fax #:046 700947
    • Geo Location:Show



    046700947

    shopping assistance