Company introduction:Во нашиот Жена Центар, во пријатна и топла атмосфера, со асистенција на обучен кадар, жената ќе може да го проба и точно да го одбере потребното помагало. Екстерни градни протези , ортопедски градници, ортопедски костими за капење, ракавици за лимфедема, перики, турбани, чешли и др. Единствено во Македонија, на голема радост на жените - сѐ на едно место, во Жена центарот на Медикус Хелп. Нашата цел е да посветиме должно внимание на потребите на жената, да поразговараме за можностите, да го одбереме потребното помагало. Искрено се надеваме дека ќе дадеме мал удел во враќањето на самодовербата и ќе бидеме причина за насмевка на лицето.