00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Video Tutorial for Registering a Company on MarketKonekt.com

Добредојдовте на Маркет Конект, тука можете да ги изложувате Вашите производи и услуги и да комуницирате со огромен број на купувачи кои се заинтересирани за Вашата понуда.
 
Во ова видео ќе Ви покажеме како да ја регистрирате Вашата компанија и да ги искористите предностите кои ги нуди Маркет Конект. За тоа ќе Ви бидат потребни само неколку минути!
 
Да започнеме!
 
Чекор1
Отворете ја страната MarketKonekt.com.
Во десниот горен агол кликнете на СТАНИ НОВ КОРИСНИК, а во десното поле Членство за компании кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ КАКО КОМПАНИЈА.
 
 
Пред вас се појави формата за регистрација на компанија.
Формата содржи повеќе полиња. Полињата обележани со ѕвездичка се задолжителни. Кога поминуваме со стрелката преку секое од полињата, под нив се појавува помошен текст кој објаснува за што служи тоа поле и како правилно треба да се пополни.
 
 
 
 
Да ја пополниме формата!
  • Внесете го името на Вашата компнија на Македонски јазик. Пожелно е истото да го направите и на Англиски Јазик (клик горе за промена на јазиците) бидејќи информациите за вашата фирма на Маркет Конект ќе бидат достапни и надвор од Македонија.
  • Внесете корисничко име и лозинка по Ваша желба. Корисничкото име и лозинка треба да содржи помеѓу 6 и 20 симболи.
  • Запомнете ги овие податоци, тие ќе ви бидат потребни да се најавите на Вашиот профил на Маркет Конект. Овие податоци пожелно е да се впишат со мали букви и на латиница.
  • Прикачете слика со лого од Вашата компанија. Сликата треба да е во jpg; png или bmp формат.
  • Внесете ја e-mail адресата на Вашата фирма. На оваа e-mail адреса ќе добивате нотификации во врска со Маркет Конект. Тоа може да бидат прашања од клиенти за Вашите производи и слични нотификации.
  • Сега, внесете го мобилниот, фиксниот и факс телефонот на Вашата компанија. Впишете ги оние броеви на кои сакате купувачите да Ве контактираат.
  • Со регистрацијата се согласувате со Условите за користење и Политиката за приватност. Кликнете на овие документи за да се запознаете со содржината.
  • Потоа кликнете кликнете на бела коцка.
  • Следуваат неколку полиња за обележување кои означуваат кои нотификации ќе ги добивате на Вашата e-mail адреса која ја внесовте при оваа регистрација. Одберете ги сите нотификации за кои сметате дека ќе ви бидат од корист и така полесно ќе останете информирани.
  • Важно е да внесете опис на компанијата. Описот на компанијата можете да го напишете и на англиски јазик и со тоа да биде разбирлив за поголем број на корисници.
  • Запишете го името на лицето за контакт од Вашата фирма. Ова е лицето кое ќе го води профилот за Вашата компанија на Маркет Конект и ќе биде во директна комуникација со купувачите. Може да закачите и слика од лицето за контакт.
  • Следат полињата за година на регистрација на компанијата, број на вработени, годишна продажба и процент на извоз. Овие полиња не се задолжителни и можете да ги пополните по Ваша желба.
  • Сега запишете ја адресата на која се наоѓа Вашата компанија. Запишете го поштенскиот код, изберете ја државата и градот во која се наоѓа компанијата.
  • Означете ја Вашата точна локација на мапата со тоа што ќе го поставите маркерот на точното место каде што се наоѓате.
Откако ги пополнивте сите податоци во формуларот, кликнете зачувај.
 
Ќе добиете известување дека во рок од еден работен ден тимот на Маркет Конект ќе Ве контактира за да ја потврди вашата регистрација.
По потврда на вашата регистрација, ќе можете да стартувате со формирање на својот каталог на производи, промоција и со користење на сите други можности на MarketKonekt.

Would you like to receive seasonal discounts?


070/287-777

shopping assistance