00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Развој и управување на човечки ресурси


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Развој и управување на човечки ресурси
    Цел на обуката

    Целта на обуката е усовршување и/или стекнување вештини за управување на човечки ресурси преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да развијат стратегија за развој и управување на човечки ресурси; да извршат анализа на работно место и работни задачи; да направат план за избор на нови вработени; да извршат регрутација и селекција на кадар; да идентификуваат потреби за обуки, тренинзи и надградба на вработени; да вршат оценување и евалуација; да направат подготовка за трансфери; да употребат алатки и техники за справање со конфликтни ситуации; да управуваат со промени; да решаваат проблеми; и друго.

    Опфат –теми

    Основни приципи на управување со човечки ресурси
    Организација и организациска структура
    Развивање стратегија за развој на човечки ресурси и имплементација
    Планирање
    Анализа на работно место и работни задачи
    Планирање избор на нови вработени
    Регрутација и селекција на нововработени
    Идентификување потреби за обука и надградба
    Обуки, тренинзи и надградба на вработени
    Поддршка и развој на човечки ресурси
    Управување со кариерата на вработените
    Оценувања, евалуација на работата и начини на наградување
    Мотивација и стимулирање на вработените
    Подготовки за трансфери
    Промени и управување со промени
    Справање со проблеми и конфликтни ситуации
    Целна група

    Оваа обука е наменета за вработени во (HR) одделот за човечки ресурси, како и за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за развој и управување на човечки ресурси.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

    Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    Обуката е дводневна. Вкупно 10 часа. 2 дена по 5 часа при физичко присуство
    Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 3 недели.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

    Повеќе информации и пријавување на:

    тел. 3246-041; 075 446-686
  • Seller:ESP
  • Place of Origin:Macedonia
  • Minimum Order Quantity:1
  • company profile

    ESP

    • Company introduction:Визија ЕСП - Скопје е основано во 1999 година како центар за преводи / толкување, обука по странски јазици и компјутерска обука од страна на врвни професионалци кои делеа јасна визија: Бескомпромисна потрага по врвен квалитет во услугите што ЕСП ги нуди, со што ЕСП ќе израсне во центар на извонредност за обука по странски јазици, компјутери и обуки за развивање и управување на човечки ресурси, кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на учење на странски јазик, компјутерско описменување, како и обука за усовршување. ЕСП опстојува на таа визија, и во потрага по квалитет добивката е од второстепено значење. Мисија Текот на работењето, искуствата и знаењата стекнати во тој процес, овозможија од визијата на ЕСП да се развие мисијата на ЕСП: Целосна посветеност кон непречен напредок на клиентите во усовршување на нивните познавања од избраната област, која најдобро е изразена преку Нашето мото Развивај го човечкиот потенцијал! Потврда за квалитет во наставата Од Мај 2006 ЕСП е целосно акредитирано од MAQS (МАКС) - Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици (Асоцијативна членка на EAQUALS - Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици). Насоченост кон потребите на клиенти Еден од најважните темели за дизајнирање на нашите обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин
    • Contact Person Name:Лидија Таскова Попова
    • Address:9-ти Мај 4
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 3246041
    • Year registered:1999
    • Geo Location:Show



    023246041

    shopping assistance