Company introduction:Ние сме специјализиран произведувач и дистрибутер на материјали за индустријата за производство на мебел. Главен дел од нашиот асортиман го сочинуваат кант траките. Со својата широка палета на декори и димензии на кант траки успеавме да станеме водечки дистрибутер на овој тип на производ во Македонија. ABS и меламинските траки се карактеризираат со одлична совпадливост со плочите на сите познати произведувачи на оплеменети плочи од иверки. На нашите клиенти им нудиме широка палета на декори, како и димензии. Во моментот нашата понуда се состои од 460 декори на ABS кант траки, 80 декори на меламински траки и 35 типови на кант траки изработени од фурнир. Со оваа понуда, им обезбедуваме на нашите клиенти широка можност за избор, се на едно место. Нашата палета на декори секојдневно се надополнува со нови кои ги следат трендовите на изработка на мебел. Рабните траки од фурнир познати се по својот извонреден квалитет. Каширани и фино брусени секако додаваат на мебелот додатна оценка за квалитет. Кај нас можете да најдете се што ви е потребно од оков. Сите видови на шарки, метални фиоки и водилки во различни димензии и бои, повеќе видови на алуминиумски профили, извлечни кошници и колони. Дополнителна предност при изборот е дека од сите производи можете да избирате меѓу различни ценовно-квалитетни категории и на тој начин да се прилагодите на вашите потреби. Од останатите програми ги издвојуваме металната, дрвната и PVC галантерија, лепила, завртки и останатите сегменти за во дрвната индустрија. Наша цел е да со ширината на нашата понуда во потполност ги задоволиме Вашите потреби и со нашиот пристап да покажеме дека сме сериозен партнер и добавувач на репроматеријали за производство на мебел.
Contact Person Name:Лилјана
Address:Качанички пат бб, Индустриска зона Визбегово