00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Relax massage for the whole body

50%save

Relax massage for the whole body

Address for delivery

First & Last Name (for delivery)
Telephone number for contact
Street
City
Notes for delivery
Price with VAT:

1800.0 MKD 900 MKD
Quantity: -+

Delivery:
Payment:


* Free Delivery

Delivery within 1-2 work days. Free delivery for Macedonia.

MarketKonekt guarantees a 100% protection for the buyers. If the product does not correspond to the presentation we offer a refund. Read more.


  • product description
  • user ratings
  • company profile
product description
  • Product Description:Оригинална, единствена и максимално релаксирачка масажа на целото тело, која претставува комбинација од неколку масажни техники (класична, хавајска, туина, таи и акупресура), што ја прави единствена и уникатно комбинирана масажа која можете да ја доживеете само во Студио Алтернатива. Масажата е наменета за сите оние кои сакаат да почуствуваат длабока релаксација и целосно опуштање, бидејќи го опушта целото тело и сите сетила. Масажата опфаќа масажа на:
    • Лицето, главата и скалпот
    • Вратот и рамениот појас
    • Градниот кош и стомакот
    • Рацете и нозете, вклучително дланките и стапалата и
    • Грбот.
    Овозможува подобрен проток на витална енергија во телото, но истовремено и подобрена циркулација на крвта, лимфата и меѓуклеточните течности. Сето ова доведува до подобрен метаболизам и размена на материи, што ја прави одлично средство за детоксикација и прочистување на телото.
    Започнувајќи ја масажата од значајните точки на лицето и главата, па се до точките на стапалата, предизвикуваме непречен тек на енергијата по меридијаните на телото. Меридијаните се канали по кои, според теоријата на традиционалната кинеска медицина, циркулира виталната енергија ЧИ, односно биопотенцијалот. Според истата теорија блокадата на овој проток е причина за проблемите и болестите кои се јавуваат. Речиси сите источни техники на масажа и лекување ги користат меридијаните и акупресурните точки, заради што значаен дел од оваа уникатно комбинирана масажа имаат источните масажни техники (туина, таи и акупресура).
    Хавајската масажа како течно поврзана и ритмична масажа го интегрира и поврзува целото тело при што ја зголемува подвижноста и виталноста на телото, делувајќи притоа и на духовно и емоционално ниво, што ја прави особено корисна при депресии и други психички и психолошки проблеми.
    Класичната или шведска масажа пак е основа за медицинска односно терапевтска масажа на деловите од телото каде оваа масажа е потребна.
    Соодветната комбинација на сите овие техники ја прави РЕЛАКС МАСАЖАТА уникатна, оригинална и максимално релаксирачка за целото тело и духот. Оваа масажа ќе ви овозможи максимална и целосна релаксација, но и едночасовно уживање, како резултат на што е ослободување на секојдневно акумулираниот стрес, што е честа појава во современиот начин на живеење.
    Времетраење на масажата: 60 минути;
    Цена на масажата: 1200 денари;
    Цена со попуст: 800 денари;
    Попуст: 33%;
    ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПОПУСТОТ: ФЕВРУАРИ, МАРТ И АПРИЛ 2015.
  • Availability:Contact
  • оцени од корисници
    company profile

    Studio Alternativa

    • Company introduction:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Contact Person Name:Dejan
    • Address:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:078/429295
    • Telephone #:02/6150369
    • Geo Location:Show
    33%save
    Retail Price - VAT Included:1.194 MKD 800 MKD

    Relax massage for the whole body

    50%save
    Retail Price - VAT Included:2.400 MKD 1.200 MKD

    Антистрес масажа на цело тело за дв ...

    Retail Price - VAT Included:900 MKD

    Масажа за „уморни нозе“

    Retail Price - VAT Included:500 MKD

    Масажа на лице и глава




    070/287-777

    shopping assistance