00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Рефлексна масажа на стапалата


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Рефлексната масажа на стапалата е техника на природно лекување и опуштање на психофизичкото тело, истовремено стимулирајќи ги циркулацијата и ендокрините жлезди. Рефлексно-зонската масажа е посебен облик на масажа, при која употребуваме различни масажни техники и притискања на точно одредени подрачја на стапалата - т.н. рефлексни зони за точно одредени органи, органски системи или делови од телото. На тој начин се предизвикува реакција на органот или органскиот систем кој припаѓа на таа зона. Со рефлексотерапијата се ослободуваме од напнатоста, болките или други промени и недостатоци на одредена зона. Сето ова ја прави терапевтска метода, при која стимулирајќи ги рефлексните зони покренуваме рефлекси кои преку нервните структури, електричните и хемиските процеси, активираат механизми во телото за самооздравување.
    Рефлексната масажа на стапалата се препорачува како превентивна метода за одржување на здравјето, како терапевтска техника пак помага при следниве тегоби:
    •ендокрини жлезди (жлезди со внатрешно излачување)
    •за зголемување на отпорноста на кожата и кожни проблеми (екцеми, псоријаза, разни кожни промени)
    •со ’рбетот ( напнатост во мускулите, ишијас, лумбаго, болки и закочен врат, проблеми со било кој дел на ’рбетот)
    •нервоза, депресија, психичка напнатост, напнатост во мускулите
    •главоболки, мигрени, несоница
    •проблеми со забите, непцата (воспаленија, парадентоза)
    •чести настинки, вирози и ангини
    •проблеми со дишните патишта, астма
    •проблеми со дигестивниот тракт, опстипација, проблеми со црниот дроб и жолчката
    •урогенитални проблеми, чести инфекции на мочниот меур и бубрезите, проблеми со јајниците и матката, неплодност
    •проблеми со локомоторниот апарат, зглобовите, болки во рамото, лактот, рачниот зглоб и скочниот зглоб
    Рефлексната масажа на стапалата е ефикасна и едноставна техника, која речиси и да нема несакани ефекти, заради што е корисна за сите, неизоставајќи ги и децата, возрасните лица, лицата со инвалидитет... Нејзината предност е во тоа што ни нуди самозаштита. Популарноста на рефлексната масажа на стапалата не треба да не изненадува, бидејќи станува збор за чудесен подарок на природата.
  • Availability:Contact
  • company profile

    Studio Alternativa

    • Company introduction:СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот. Ви нудиме: Класична - шведска масажа, Туи-на кинеска масажа, Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките, Хавајска масажа - ломи ломи, Масажа со топли вулкански камења, Спортска масажа, Лимфна дренажа, Антицелулитни масажи, Терапевтска- медицинска масажа, Масажа на под/источни техники, Бовнова терапија, Kineziotaping и др. Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА и сакаат да се научат ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА. СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на: ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ. ПОСЕТЕТЕ НЕ!
    • Contact Person Name:Dejan
    • Address:Исаија Мажовски 44 лок.6
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:078/429295
    • Telephone #:02/6150369
    • Geo Location:Show



    026150369

    shopping assistance