Company introduction:АМСМ Услуги- Помош на пат (СПИ), преку обезбедување на патни информации и помош на пат, како на целата територија на РМ, така и надвор од неа, се грижи за безбедноста на сите моторизирани домашни и странски учесници во сообраќајот. ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (02/15 555)- патни информации вклучувајќи информации за состојбата и евентуалните застои на патиштата низ Републиката, информации за работа на пат, состојба на граничните премини и туристички информации за Македонија и за повеќе од 30 европски држави. ПОМОШ НА ПАТ (196)- стручна техничка помош 24/7 на самото место во случај на дефект на возилото, пренос на возилото во случај на дефект кој не може да се отстрани на лице место, во случај на сообраќајна незгода или друг вид на имобилизација, како и сервисни услуги. ИНФО ЛИНИЈА (02/3181-181)- Сите потребни информации во системот на АМСМ. АМСМ членовите имаат бројни бесплатни услуги и други бенефиции и попусти во АМСМ Услуги- Помош на пат (СПИ) Повеќе информации на www.amsmspi.mk